Лакалут со наградна игра „Куфер полн здрави насмевки“

04.04.2016, Скопје – Компанијата Натусана, во наредните два месеци, организира награден натпревар „Куфер полн здрави насмевки“ за брендот „Лакалут кидс“.

lakalut-so-nagradna-igra-kufer-poln-zdravi-nasmevki-02.jpg

Во рамки на натпреварот ќе бидат наградени 15 семејства со пакет годишна залиха производи од линијата Лакалут. Подароците ќе се делат во три етапи и победниците ќе бидат прогласувани согласно најмногу освоени гасови и со гласање од страна на стручно жири.

Целта на натпреварот е да се поттикне креативноста кај децата. Главен предуслов за учество е учесниците да соберат две различни куферчиња (држачи за четки за заби) кои се паѓаат гратис во пакувањето од детската паста Лакалут наменета за возраст од 4-8 години. Учесниците треба да ги искористат овие куферчиња за да ја покажат својата креативност.

На пример, може куферчињата да ги вметнат во цртеж, да направат фотографија на која ќе покажат како ги користат во секојдневието, да покажат како тие ги чуваат нивните четкички за заби или било која друга креативна идеја на која ќе се сетат, а потоа она што го создале треба да го прикачат на Facebook страната на Четко Четковски.

Покрај прикачената фотографија, учесниците треба да дадат краток опис на она што го создале или да напишат некоја убава креативна мисла.

lakalut-so-nagradna-igra-kufer-poln-zdravi-nasmevki-01.jpg

На секои три недели ќе бидат прогласувани по пет добитници на годишна залиха Лакалут производи за целото семејство, односно вкупно 15 семејства ќе се радуваат на куферот кој за нив ќе биде наполнет со производи за здрава насмевка.

Би можело да ве интересира:

Ирина и Павле Камилоски на одмор во Златибор со децата - Павле пие вино со заспаниот син во раце Ирина блеска во друштво на своите сакани, а малата Лена спие во нејзина прегратк...
Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Дани Димитровска објави нови фотки од венчавката - со синот во прегратка, му пее на сопругот Дани објави фотографии на кои во бели панталони блеска покрај својот избраник, н...
Осамна емотивна објава на профилот на Зоки Фаци: „Една година помина… а чувството е исто“ На профилот на Зоки Фаци осамна емотивна порака и повеќе видеа и фотки кои се сп...
Сузана Гавазова згодна на плажа - заљубено го гледа сопругот, ужива на Малдиви Фолк-пејачката Сузана Гавазова побегна од студот кај нас, а како дестинација со ...
Потег за поздрав: Девојка од Скопје накити новогодишна елка на Водно за да ги радува случајните мину... „Јас редовно планинарам на Водно и еден ден се симнував надолу по новогодишната ...

Најчитани неделава