Скопје Сити Мол ја приреди највозбудливата велигденска магија за децата и за возрасните

Скопје Сити Мол и оваа година за претпразничните денови приреди незаборавни семејни мигови и доживувања за сите генерации.

skopje-siti-mol-ja-priredi-najvozbudlivata-veligdenska-magija-za-decata-i-za-vozrasnite-01.jpg

Децата ѝ се радуваат на домашната фарма со езерце со патки, кои имаат можност да ги хранат, но се дружат и со игривите зајчиња, кои може да ги милуваат, па домашната фарма и оваа година е катче на радост и смеа за најмалите посетители на Скопје Сити Мол, но и за родителите, кои со радост ги фотографираат и ги споделуваат моментите поминати со своите најмили.

skopje-siti-mol-ja-priredi-najvozbudlivata-veligdenska-magija-za-decata-i-za-vozrasnite-1.jpg

Дружбата со веселиот џиновски Зајко, со кој се фотографираат и се забавуваат дечињата, продолжува и натаму секој ден од 10 до 22 часот, веднаш до домашната фарма. Посетителите имаат прилика секој ден да го посетат и велигденскиот корнер и да купат декорации со кои ќе го украсат домот, ќе придонесат за велигденска, семејна топлина и празнични моменти.

Скопје сити мол, заедно со „НВО Детски свет - Нов почеток“, се погрижи „ВЕЛИГДЕНСКИОТ СВЕТ“ да биде спој на креатива, забава и хуманост. Секој викенд од 12 до 14 и од 18 до 20 часот на вториот кат се реализираатдетски креативни работилници за деца до 10 години, каде што децата бојадисуваат велигденски јајца и изработуваат уникатни велигденски декорации, кои потоа се изложуваат. Со купувањето, посетителите донираат за првиот кол-центар за помош на лица со попреченост во видот.

skopje-siti-mol-ja-priredi-najvozbudlivata-veligdenska-magija-za-decata-i-za-vozrasnite-2.jpg

Скопје Сити Мол секојдневно се труди да ги крева стандардите и културата на пазарењето, обезбедувајќи најдобар амбиент, најубави доживувања и најдобра грижа за своите потрошувачи, со посебен однос кон семејството и традицијата, празнувајќи заедно со сите свои пријатели.

Во продолжение погледнете го видеото:

За повеќе информации за настаните, посетете го следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Александар Јосифовски доби ќерка - Со саканата во болница по породувањето, му ја кинеа кошулата на н... „Ти благодарам што беше храбра и успешно ја донесе на свет нашата Алексеја. Да н...
Сопругата на Бојан Чунде, кој по скок од педалинка во Охрид останал во количка: „Верував дека тој ќе... „Притисок лично јас не чувствував, затоа што јас никогаш не мислев дека тој ќе о...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Се породи сопругата на дечкото со картони Бомбакис - доби второ дете, по борбата со ракот Кристијан Станковски - Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со мно...
Вики Чадиковска сподели случка со синот, Панчо и Андреј и апел по потегот на Перо Антиќ: „Такви беа ... „Панчо и Андреј секогаш беа подготвени да измамат насмевка и да направат некого ...

Најчитани неделава