The Prodigy на 14-ти август со концерт во Охрид

Огромно задоволство ни е да ве информираме дека еден од највозбудливите и најатрактивни лајв бендови во светската музичка индустрија на сите времиња, The Prodigy за првпат ќе има свој open air концерт во Македонија, на 14-ти август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

the-prodigy-na-koncert-vo-makedonija-za-ohrid-calling-2016ta-01.jpg

На првото издание на „Ohrid Calling“ очекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот, на настапот на навистина еден најомилените бендови на македонската публика на сите времиња.

The Prodigy доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „Invaders must die“, кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми.

The Prodigy имаат продадено над 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. Тие се пробија на музичката сцена со сингловите од вториот и третиот албум „Music for the Jilted Generation“ и „Fat od the Land“, од кои излегоа мегахитовите „Vodoo People“, „No Good (Start the Dance)“, „Firestarter“, „Breathe“, „Smack My Bitch Up“, „One Love“, „Poison“...

Како што деновиве тие најавија, за момците од The Prodigy можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност да ги донесеме во Македонија.

Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (16-ти мај) точно во 09 часот, а сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во петок во 19 часот.

the-prodigy-na-koncert-vo-makedonija-za-ohrid-calling-2016ta-1.jpg

Би можело да ве интересира:

На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 ев... „Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целос...
Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Тијана Скулиќ прослави 30-ти роденден во скопски локал – Миа запеа на микрофон, декорација со лимони... Тијана Скулиќ, која многумина ја запознаа и како најголема поддршка на Миа Косто...
Тура на убавина низ Македонија: Ирина Камилоска - тетовка, Верица Донев - валандовчанка Oд Охрид до Прилеп и Струмица, Македонија е дом на прекрасни жени... Ајде да нап...
Ана Стојановска издоминира на црвениот тепих на Берлинале - смела креација и високи чизми на снегот ... „Хипотермијата се плаши од неа“, се пошегува пријателка на актерката, која објав...

Најчитани неделава