Проектот кој ќе го промени светот: Green UP!

Green UP е проект основан на студентска размена во најголемата интернационална студентска мрежа, АИЕСЕК, организација која е присутна  во 1800 универзитети во 128 земји низ светот.

proektot-koj-kje-go-promeni-svetot-green-up-01.jpg

Овој проект  е дел од агендата за Одржлив Развој на Обединетите Нации до 2030тата година, односно, иницијатива, план за акција за луѓето за подобрување на планетата и нејзината благосостојбата.

Целта на овој проект е да се подигне свеста за еколошките прашања кои постојат и со кои се соочува нашата држава меѓу македонската младина.

Преку овој проект предвидено е да се поттикнат младите да преземат иницијатива за заштита на природните ресурси за идните генерации, да се едуцираат за еколошката култура и да ги мотивираме и поттикнеме да бидат проактивни и да преземат нештата во свои раце кога станува збор за изнаоѓање на решенија за еколошките прашања кои влијаат на македонското општество.

Нашата цел сакаме да ја постигнеме преку разноликост, едукација, проактивност, интерактивни сесии, забавни активности и игри и креативни работилници.  Сесиите ги држат студенти, 6 волонтери од Србија, Германија, Романија, Азербеџан, Кина и Литванија. Преку создавање забавни работилници за најмалечките во градинката Пролет и децата од СОС Детско Село, тие успешно ја пренесоа пораката која ќе остане во срцата на децата, да се грижат и да ја чуваат животната средина во која живееме.

Проектот трае пет недели, почнувајќи од 20ти јули до 25ви август.

Проектот ќе се заокружи со завршен настан на 25ти август во 17:00 часот во Мобилната Галерија лоцирана во Парк на Франкофонијата, каде што сите посетители ќе можат одблизу да се запознаат со сите активности и работилници преку кои  децата создадоа неверојатни дела кои го прикажуваат светот во нивните очи, нашата планета и природата, онаква за каква што тие сонуваат.

Изложбата е отворена за сите посетители кои имаат желба да бидат дел од визијата на овие малечки активисти, за нашата животна средина, за нашата планета.

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Нашата Нела пречекана како победник на училиште по Јуниор Евросонг - аплауз и прегратки од соученици... „Од срце ви благодарам за овој прекрасен, топол и незаборавен дочек драги мои со...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...

Најчитани неделава