Неодоливата Северина во најдолгоочекуваниот календар на „Пелистерка“ (фото)

Секој ден во текот на следната година може да почнува со Северина, најголемата балканска поп-ѕвезда, која како заштитно лице на „Пелистерка“ во следниве две години, е ѕвездата на календарот на најпознатиот македонски бренд за вода за 2017-та година.

neodolivata-severina-vo-najdolgoocekuvaniot-kalendar-na-pelisterka.jpg

Пелистерка денеска го промовираше седмиот календар на компанијата, кој изминативе години стана нивниот заштитен знак, нетрпеливо очекуван секој декември.

Неколку дневното снимање за годинешниот календар се одвиваше во Загреб и во неговото создавање учествуваше 25 члена екипа од Македонија, Хрватска и Словенија.

Дванаесет беспрекорни фотографии на Северина, подигната од меурчињата на газираната Пелистерка, кои даваат посебен шарм, на навидум секојдневните активности. Играјќи со дуализмот на силните бои, секоја страница од календарот нуди свеж пристап во поп арт стилот и навестува период на нови, визуелни изненадувања.

Од менаџментот на „Пелистерка“ потенцираат дека компанијата покрај доминацијата во Македонија, драматично го засилува своето присуство на пазарите низ регионот, во Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Токму затоа, на компанијата ѝ беше потребно добро познато и популарно лице како Северина.

- После седум успешни изданија на календарот без лажна скромност можам да кажам дека „Пелистерка“ се етаблираше како компанија која ги поставува трендовите во нашата индустрија, но истовремено и ги подигнува стандардите за тоа како треба да биде промовиран еден корпоративен производ. Од година во година на јавноста ѝ се презентираме преку сеопфатна стратегија, од која составен дел е претставувањето на квалитетен, најпрофесионално изработен календар на кој соработуваме со најатрактивните жени од земјава и регионот. На него работеше талентирана, креативна и храбра екипа и токму затоа финалниот резултат е префинет производ кој апсолутно ги исполнува сите светски стандарди. Календарот на „Пелистерка“ стана заштитен знак на компанијата кој ги отсликува темелите на нашата работа – квалитет и професионалност – рече Тања Панделеска, маркетинг-директорка на „Пелистерка“ на денешната промоција.

„Пелистерка“ и Северина планираат реализација на уште неколку големи проекти за промоција на брендот на македонскиот, но и на пазарите во регионот. На популарната пејачка ова ѝ е прва соработка со компанија од Македонија.

- Ми претставува голема чест што врвна компанија како „Пелистерка“ ме избра за свое заштитно лице, а особено затоа што сум една од привилегираните жени кои се најдоа на страниците на календарот. Навистина уживав во целиот процес на негова подготовка бидејќи го водеше врвен тим на професионалци. Ова беше малку поинакво снимање, кое бараше сериозно планирање, но и физичка издржливост. Драго ми е дека „Пелистерка“ ми отвори можност да се испробам во поинакво светло, во улоги кои, во најмала рака, бараа и каскадерска умешност. Задоволна сум од финалниот производ, мислам дека е вистински уметнички и софистициран производ, што комплетно одговара со имиџот на компанијата. Со „Пелистерка“ имаме големи планови за следниот период, за кои немам дилема дека ќе предизвикаат интерес во јавноста – изјави Северина на промоцијата на календарот.

Концептот за годинешниот календар го подготви маркетинг агенцијата „Њу Момент“, уметнички директор е Никола Војнов, продуценти се Тања Панделеска и Филип Димитров, а фотографиите се на Јелена Балиќ.

Погледнете ја Северина во календарот за „Пелистерка“:

Би можело да ве интересира:

Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Антониа Гиговска стана заштитно лице на ракометен клуб: „Бев десен бек во основно, знам што значи же... „Од клубот ми кажаа дека ме избрале мене затоа што сакале женско лице, некој што...
Дарко Панчев наполни 60 години - Златна топка и две торти за роденденот на фудбалската легенда „Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатио...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава