Како перфектно да ги испегламе дури и најтешките материјали?

Во модерното секојдневие стандардните домашни обврски на многумина им се на последното место на приоритети. Работата и грижата за семејството заземаат голем дел од времето, па средувањето по дома, пеглањето, миењето на садови, бришењето на прашина и останатите добро познати домашните обврски паднаа далеку на листата. Сепак, пеглањето на алиштата е од големо значење бидејќи станува збор за тоа како изгледаме кога излегуваме од дома, па поради тоа токму оваа домашна обврска не смее да биде запоставена.

kako-perfektno-da-gi-ispeglame-duri-i-najteskite-materijali-1.jpg

Свилата, полиестерот, памукот и џинсот знаат да предизвикаат проблеми при пеглање, особено свилата која важи за еден од најтешките материјали за пеглање. Иако пеглањето на овие материјали е заморно и предизвикува главоболка, со новите парни генератори на Philips ќе заборавиме да ги делиме материјалите на лесни и тешки за пеглање.

Парните генератори на Philips во себе ја имаат функцијата „Optimal Temp“ која овозможува да пегламе најразлични видови на ткаенини и текстури без менување на температурата. Оваа патентирана технологија која што ја нуди само Philips ни дозволува да пегламе дури свила и памук а без притоа да чекаме пеглата да мора да се излади, да се загрее или пак да употребуваме крпа преку облеката.

kako-perfektno-da-gi-ispeglame-duri-i-najteskite-materijali-2.jpg

Благодарение на иновативната комора со циклонска пареа секогаш имаме на располагање моќен млаз пареа, дури и на минимална температура. Со тоа свилените фустани, 100% памучни кошули, ленените нежни пантолони или крутиот џинс се секогаш заштитени и испеглани за само неколку мигови. Функцијата која што ги воодушеви неутралните експерти и научници кои што спроведоа бројни студии се крие во напредниот интелегентен процесор кој постојано ја одржува температурата на соодветно ниво. Со тоа „Optimal Temp“ не дозволува горење на било кој материјал, дури и на најчувствителните парчиња облека како памучните кошули, свилените фустани и комплицираните женски парчиња облека.

kako-perfektno-da-gi-ispeglame-duri-i-najteskite-materijali-3.jpg

Парните генератори на Philips кои за краток период станаа најомилените пегли за пеглање во светот пристигнаа и во Македонија. На располагање ги имаме шесте парни генератори кои ја нудат најновата иновативна технологија за пеглање која овозможува купот на испрани алишта да го испегламе само за неколку минути.

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Јелена Спенџарска ужива во родното Берово - баба ѝ ѝ направи зелник, на кафе со мајка ѝ „Сценарио: Дома во двор, Берово, сонце пече ама таман, не премногу, јас и мама с...

Најчитани неделава