МИТ Универзитет ја организира најголемата предматурска забава

Скопје, 4.5.2017 г ‒ Под мотото Дружи се, инспирирај и на МИТ студирај! ‒ утре, 5.5.2017 г., со почеток во 20.00 часот, МИТ Универзитет во своите простории на Плоштад Македонија ја организира најголемата предматурска забава со многубројни едукативни и забавни содржини.

mit-univerzitet-ja-organizira-najgolemata-predmaturska-zabava-01.jpg

Настанот, кој е отворен за сите матуранти од скопските средни училишта и училиштата ширум Македонија, на матурантите ќе им понуди можност одблиску да се запознаат со МИТ Универзитет, наставните содржини и модерниот ентериер, лабораториите и амфитеатрите, како и нивната идна идеална опција за продолжување на квалитетното формално образование.

За одличната атмосфера и забава, која по воведното запознавање со универзитетот ќе продолжи во Колектив бар и ресторан на Плоштад Македонија, ќе бидат задолжени добро познатите Жарко Димитриоски, Дј Гоце Саф и бендовите Акустик Дивижн (Acoustic Division) и Бета Хаус (Beta House).

Како дел од програмата на настанот, МИТ Универзитет ќе додели и 15 стипендии за најдобрите во едукативен квиз на знаење.

За сите матуранти и заинтересирани студенти што се во потрага по образовни програми приспособени да одговорат на современите пазарни потреби, високостручен кадар на врвни професори и научни работници подготвени целосно да ја споделат својата експертиза на идните професионалци од областа, акредитирани факултети и развиени програми за размена и соработка со светски признаени факултети, МИТ Универзитет е вистинскиот избор за продолжување на формалното образование.

Дружи се, инспирирај и на МИТ студирај!

Би можело да ве интересира:

„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Скандал во Ѕвездите на Гранд: Вики Миљковиќ тврди дека македонски натпреварувач ја обвинил за барање... „Кандидат во јавноста изнесе тврдења дека наводно сум побарала мито од него, што...
Аделина Тахири му прослави 7-ми роденден на синот со луксузна забава - се појави во чевли налик на б... Аделина, како и секогаш, воодушеви со стајлингот - овој пат избра црн фустан со ...
Бикини со перје, сопругот ја фенира: Љупка Митрова уживаше во луксуз и романтика на Малдиви (фото) Од романтична вечера на плажа со специјална декорација до пливање во танга бикин...
Виолета Томовска наполни 80 години - Семејството го испеа нејзиниот хит „Молитва“ со порака „Те сака... „Оваа ‘Молитва' е подарок за 80-тиот роденден на Виолета Томовска, а учесници се...

Најчитани неделава