Бимилк со нов производ: Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

Омилениот овошен јогурт Jogood отсега ќе биде достапен и во ново практично пакување за консумирање со лажичка. Неговиот препознатлив вкус и квалитетот остануваат непроменети, а новиот начин на консумација нуди овошна забава со секој залак.

bimilk-so-nov-proizvod-jogood-vo-casha-ovosna-zabava-so-sekoj-zalak-001.jpg

Jogood е спој од најквалитетниот јогурт и внимателно одбрани парчиња овошје, кои го прават овој овошен јогурт идеално освежување во топлите летни денови. Тој претставува лесна но хранлива ужинка за сите пригоди, а неговиот полн вкус на овошје и јогурт ќе им овозможи на сите генерации на брз и лесен начин да го задоволат гладот помеѓу два оброци.

„Среќни сме што во годината кога прославуваме 65 години постоење и токму во летниот период го збогатуваме нашето портфолио со идеален освежителен производ, кој навистина претставува овошна забава со секој залак. Поаѓајќи од нашата визија да бидеме компанија што со признати европски брендови ќе ги разбуди потребите на потрошувачите, пред сè, за квалитетна и здрава исхрана, сигурни сме дека Jogood ќе остане омилен избор кај сите љубители на овошни јогурти“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Препознатливиот овошен јогурт е достапен во 4 вкусови: јагода, шумско овошје, вишна и кајсија.

За повеќе информации за „Бимилк“, посетете ја нашата веб-страница или Фејсбук-страницата на Бимилк.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...

Најчитани неделава