Пакети со 50% попуст и со поголема интернет брзина во Неотел


paketi-so-50-procenti-popust-i-so-pogolema-internet-brzina-vo-neotel-01.jpg

Неотел и овој пат истапи со поволности за новите корисници. Создаде понуда од пакети креирани според потребите на корисниците, а корисниците најмногу сакаат брз интернет и добар попуст.

Изберете пакет составен од најбрз интернет, како и телевизија - neoTV или пакет само со интернет и добијте 50 отсто попуст на претплатата во првите 3 месеци.

Попустот важи за сите нови корисници кои ќе имаат можност да изберат еден од четирите пакети на Neotel, NeoTrio 10, NeoTrio 20, NeoTrio 50 или NeoTrio 100.

Значително побрзиот интернет пристап, достапен со овие пакети е резултат на инвестицијата на Неотел во надградување и модернизирање на постоечката безжична мрежа и воведување  нови технологии.

Ова модернизирање на безжичната мрежа, покрај побрзиот, овозможува и постабилен интернет сообраќај со едноставна опрема, без кабли, којашто брзо се инсталира. Додека пак со надградбата на оптичката мрежа, Неотел, оптичкиот интернет пристап од 100 Mbps со симетрична брзина, го направи достапен и за домашните корисници.

Побрзиот интернет пристап, од Неотел овозможува да ја почувствувате брзината на интернетот и потполно ново искуство во сурфањето, непречено гледање на омилените содржини, видеа или лајф стрим настани.

Тоа што понудата од Неотел ја прави поразлична од другите, покрај најбрзиот интернет пристап, е и телевизијата, neoTV. Во чекор со модерното време, neoTV нуди еден поинаков, модерен пристап во гледањето телевизија.

Освен што ги овозможува сите предности, паузирање, премотување и снимање на програмата во живо, neoTV ги овозможува сите овие опции на кој било уред насекаде каде што има интернет.

Понудата со брз интернет и со попуст на претплатата во првите 3 месеци се однесува за сите нови договори со траење од 2 години за neoTrio пакетите што вклучуваат интернет, телевизија и телефон, како и за пакетите само за интернет и телефон. Промотивниот период е веќе започнат и ќе трае до 15 октомври 2017. Подетални информации се достапни на линкот.

paketi-so-50-procenti-popust-i-so-pogolema-internet-brzina-vo-neotel-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Камионџијата Андруш на тема брак: „Уф, фала ти, скраја било, за што ќе ми е - за да умрам побрзо?“ „Зошто, што ми фали сам, си ‘рчам на раат... Што ќе ѝ ‘рчам на некоја госпожа, п...
Ново телевизиско шоу во Македонија - „Вечер по 8 со Миро“ на Алфа телевизија Телевизискиот простор во Македонија добива свежина, динамика и ново вечерно ТВ и...
Мотоциклистот Христијан Бузалковски и пријателите собраа 1.600 пакетчиња за деца од ранливи категори... „Особено ми го стопли срцето моментот кога делевме пакетчиња во затворот во Шуто...
„Играа пајдушко, па Макарена“ - Водителката на „Брза кујна“ со готвачите стана вирален хит со танцув... „За Пајдушко не нè бива, за Макарена сме тапа, ама затоа за добра забава секогаш...

Најчитани неделава