„Играа пајдушко, па Макарена“ - Водителката на „Брза кујна“ со готвачите стана вирален хит со танцувачките видеа

„За Пајдушко не нè бива, за Макарена сме тапа, ама затоа за добра забава секогаш сме спремни“, се пошегуваа на своја сметка водителката Сања Савеска со готвачите Никола Мишовски и Бобан Симоновски, кои откако станаа вирален хит со играње на Пајдушкото оро, сега снимија видео и како играат на Макарена.

igraa-pajdushko-pa-makarena-voditelkata-na-brza-kujna-so-gotvachite-snima-tancuvachki-videa-01.jpg

Во септември месец започна 11-тата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ во кое шармантната Сања Савеска ја има улогата на водителка, а покрај неа задолжително друштво и се готвачите Никола Мишовски и Бобан Симоновски.

При најавата во сепетември на новата сезона на телевизија Сител, Сања сподели:

„Повторно се враќаме зад камерите – одморени, насмеани и полни со енергија!

Снимањата започнаа во весела атмосфера, со тим кој повторно се собра како едно големо семејство.

Шеф Боби, по илјадници километри поминати на мотор во текот на летото, носи нова свежина и инспирација.

Шеф Никола, пак, значително ослабе и целосно го промени својот имиџ – вистинска инспирација за сите што сакаат да внесат нови навики во својот живот, преку исхрана и активност.

А тука сум и јас, која и понатаму ќе ја задржам улогата да ги пречекувам гостите и да ја шириме убавата енергија заедно со целата екипа“.

igraa-pajdushko-pa-makarena-voditelkata-na-brza-kujna-so-gotvachite-snima-tancuvachki-videa-10.jpg

А дека добрата енергија дефинитивно е присутна во ова шоу доказ се нивните танцувачки видеа.

igraa-pajdushko-pa-makarena-voditelkata-na-brza-kujna-so-gotvachite-snima-tancuvachki-videa-03.jpg

Сања, Никола и Бобан прво споделија како играат Пајдушко оро, а потоа и фамозната Макарена.

igraa-pajdushko-pa-makarena-voditelkata-na-brza-kujna-so-gotvachite-snima-tancuvachki-videa-09.jpg

„За Пајдушко не нè бива,, за Макарена сме тапа, ама затоа за добра забава секогаш сме спремни“, напишаа тие, а нивните следбеници и гледачи дефинитивно се согласуваат со нив.

igraa-pajdushko-pa-makarena-voditelkata-na-brza-kujna-so-gotvachite-snima-tancuvachki-videa-12.jpg

Eкипата игра Пајдушко оро:

Eкипата игра Макарена:

Прочитајте и Спенџарска и Милена Антовска снимија пародија со колешките: „На новогодишна забава од фирмата во која сите сакаме да си дадеме отказ“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Едина Муса (33) се пофали, 10 месеци по породувањето: „За ова тело се погрижив јас“ Едина Муса, една од најубавите познати Македонки, си потстрижа шишки, се врати н...
„Цело време лежиш! Каква мајка си?!“ - Ведран (2), детето со маслинките, со ново хит видео Со сериозен израз на лицето, малиот Ведран од Скопје ја прашува мајка си: „...
„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg