Караванот “Orbit подарува насмевка” започна!

Orbit караванот ја започна обиколката низ училиштата ширум земјата, преку која на забавен начин децата ќе научат како да се грижат за своите заби и ќе се подигне свесноста за оралната хигиена, како кај децата така и кај нивните родители.

karavanot-orbit-podaruva-nasmevka-zapocna-001.jpg

На 25-ти Септември за прв пат во Македонија, започна караванот “Orbit подарува насмевка”. Станува збор за проект од глобален карактер организиран од компанијата Марс Оверсис Холдингс Претставништво Скопје, кој има за цел едукација на децата од училишна возраст за потребата од правилно и секојдневно одржување на оралната хигиена, како и превенција од појава на кариес на најмала возраст. Со тоа ќе се изградат здрави детски навики и ќе се подобри општата состојба на оралното здравје во земјата.

Orbit караванот ќе ги посетува училиштата ширум земјата во текот на 25 работни денови.  Во секое училиште ќе се одржи едукативна презентација од страна на стоматолог, помогната со современи нагледни средства и голема маскота преку кои децата на забавен начин ќе учат зошто и како треба да се грижат за своите запчиња. Главен фокус на караванот се децата од четврто одделение, како најранлива и критична возраст во проблемот со кариес, а покрај основните училишта, караванот ќе посети и установи за деца со посебни потреби.

Со ова се обележува втората фаза од оваа нова Orbit авантура, на која и претходеше успешна прва фаза во периодот мај – јуни оваа година, кога сите граѓани со купување на своите омилени Orbit гуми за џвакање дадоа свој придонес во поголема покриеност на проектот, односно посета на караванот на поголем број на училишта и едукација на поголем број на деца.

Проектот е поддржан од Национална стратегија за превенција на орални заболувања кај деца од 0-14 години во Македонија.

Убаво е кога децата се смеат, а уште поубаво е кога насмевката има здрави заби!

Заедно, за здрава детска насмевка.

Би можело да ве интересира:

Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...

Најчитани неделава