Не се задоволувај со дневна доза коментари на Фејсбук. Излези да гласаш!

Перцепцијата мојот глас е “само еден” и тој ништо не одлучува веќе одамна е надминат. Пасивноста и индолентноста кон изборите се минато. Тоа се потврди со големата излезеност на претходните парламентарни избори, кога имавме висока свест и потреба на луѓето да гласаат. Да учествуваат во креирањето на својата иднина, да влијаат на изборот на луѓето и партиите кои ќе ги предводат. 

ne-se-zadovoluvaj-so-dnevna-doza-komentari-na-facebook-izlezi-da-glasash-001.jpg

Приказната дека ништо нема смисла и дека треба да се бара чаре надвор од Македонија, можете да ја закачите на првото дрво што ќе го видите. Не можеме баш сите да си отидеме, така да вистинското прашање е: Што да правиме овде?

Гласачите на политичките партии немаат дилеми, и точно знаат што сакаат и ќе ја завршат својата должност. А, оние кои сè уште се мислат дали да излезат на гласање треба да знаат дека незадоволството не се лечи со сарказам и иронија и „дневна доза коментари на Фејсбук“.

Ставот „јас сум премногу кул да се замарам со стоење на бирачко место и да чекам пола саат во ред“ не е негласање, туку е гласање за фаворитот на оној првиот пензионер што утрото дошол прв пред гласачката кутија! Младите луѓе во Македонија во минатото често ги врзуваа политиката и политичарите исклучиво со зборовите корупција, манипулација, злоупотреба на службената должност, богатење на грбот на граѓаните, и поради тоа беа пасивни. Коментираа, се бунеа, но слабо излегуваа на гласање.

Денес знаат дека доколку не излезат на избори, оставаат можност за нивните потреби друг да одлучува, некој што воопшто и не ги разбира. Со својот глас тие реално можат да влијаат на нештата што се случуваат во нивното секојдневие, како што се уредување на градската инфраструктура, простор за креативно изразување, културни и забавни содржини, и многу повеќе. 

Би можело да ве интересира:

„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...

Најчитани неделава