Мрдни со прст: Младинско вклучување за локални проблеми во Куманово

Како дел од активностите на иницијативата Мрдни со прст: Младинско вклучување за локалните проблеми во Куманово, Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово ја организираше првата еколошка акција „За поеколошко Куманово” која што се одржа во околината на Соколанскиот парк на 2 октомври од 12 до 13:30 часот.

mrdni-so-prst-mladinsko-vklucuvanje-za-lokalni-problemi-vo-kumanovo-001.jpg

Акцијата имаше за цел подигање на еколошката свест на граѓаните во Куманово.

Оваа иницијатива потекнува од средношколците со кои заедно се собравме во младинскиот центар MultiКулти и разговаравме за тоа како да ја подигнеме свеста на нашите сограѓани за еколошките проблеми во Куманово. Прошетавме низ Куманово и идентификувавме места каде е потребна еко-акција, по што се договоривме  да се собереме и да исчистиме дел од нив. Со еко-акциите за чистење сакаме да пратиме порака до сограѓаните да ја одржуваат чиста животната средина во нашиот град. Покрај средношколците во оваа акција се вклучија и волонтери од ЦИД како и неколку случајни минувачи.

Со првата акција „За поеколошко Куманово“ се исчисти Соколанскиот парк, а се спроведе и дополнителна акција за чистење на спортското игралиште на средното техничко училиште. Во акцијата учествуваа деваесетина млади луѓе. Младинците и останатите граѓани, задоволни од првата акција за поеколошко Куманово, покажаа спремност за учество и во следните акции, што покажува дека сме на добар пат кон покренување на свеста на граѓаните за важноста на чистата животна средина.

 “Браво деца, за пример сте!” – изјави еден од минувачите

“Мило ми е што сум дел од една ваква кампања, која не само што не поттикнува кон стремеж за почиста околина, туку ни нуди и можности за меѓусебно дружење!” –  Јована Андоновска учесничка во акцијата

Граѓанската иницијатива Мрдни со прст во насока на младинско вклучување за локалните проблеми во Куманово претставува збир на неколку иницијативи кои ќе се одвиваат во три општини: Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Активностите кои ќе се одвиваат ќе бидат фокусирани на ангажирање на млади луѓе кои се подготвени да придонесат и направат позитивни промени за своето општество и нивната нивната заедница. Центарот за интеркултурен дијалог (CID) е вклучен во кампањата ‘Мрдни со прст’, чија главна цел е да поттикне акција и активно учество на луѓето во решавање на нивните важни социјални и општествени прашања.

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов: „По операцијата 20 дена не можев збор да изговорам, имам психички проблеми“ „Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...

Најчитани неделава