Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите маркетинг говорници доаѓаат во Скопје на 17 ноември

Познат поголемиот дел од спикерите на 6-то издание на AllWeb. Влезниците по Early Bird цена ќе бидат достапни уште 10 дена.

najdobrite-marketing-govornici-doagjaat-vo-skopje-na-17-noemvri-001.jpg

Шестото по ред издание на најголемата домашна конференција за дигитален маркетинг AllWeb  оваа година ќе се одржи на 17 ноември. По успешното второ издание на конференцијата во Тирана, Албанија, AllWeb се враќа во Скопје каде македонската маркетинг сцена повторно ќе се собере на едно место да ги чуе најактуелните теми и говорници од областа на дигиталниот маркетинг.

Организаторите досега ги најавија Хајмо Хамер од Kraftwerk кој има работено за клиенти како Coca-Cola, Redbull и Domino’s Pizza, Матеј Лончарич од Joomboos, експерт за работа со YouTube инфлуенсери и легендарниот Шкотланѓанец Дејв Бирс, поранешниот креативен директор на OgilvyOne, McCann Worldgroup and Poke. Сега најавија уште неколку нови имиња од светот на маркетингот.

„Многу сме среќни што можеме да најавиме уште двајца врвни говорници со кои годинешнава програма уште повеќе добива на тежина. Тоа се Петер Санто, основачот на SpringTab и консултант на компании како Time-Warner и L’Oreal, како и Џон Буркхарт, „content guru” и член на бордот на Sports And Entertainment Alliance In Technology (SEAT), организација која ги обединува маркетинг специјалистите кои работат во NBA, NFL, NHL, Премиер лигата и слични спортски асоцијации. Со нив и со уште неколку говорници кои наскоро ќе бидат објавени, заокружуваме програма која ќе им понуди на учесниците на конференцијата фантастичен увид во најновите трендови во дигиталниот маркетинг“ – вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb.

Влезниците за конференцијата се веќе во продажба, а во моментов се актуелни Early Bird влезниците кои се со 50 евра пониска цена од регуларните и можат да се купат најдоцна до 30.10 преку allweb.mk.  Инаку, главните теми на овогодинешниот AllWeb се е-трговија (omnychannel, payment processors, analytics), перформанс маркетинг (PPC, conversions, optimization) и содржина (social media, influencer marketing, monetization).

Сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно се дополнуваат на allweb.mk.

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...
Пере од Нокаут: „Денес ми е роденден - не те славам, не ми се пее, деца изгореа во песната“ „Ова не е објава, туку белег со неколку реда што ме болат. Не ми се пие и пее, н...
„Танцува како да лебди“ - Анди Исмаили од Гостивар по петти пат стана светски шампион во танц Младиот гостиварец Анди Исмаили годинава повторно е светски шампион во модерен с...
Крива Паланка е сцена од празнична бајка во пресрет на 2025-та (фото) И додека Скопје уште го чека новогодишното китење, Крива Паланка блесна во полн ...
Германецот Финн се заљуби во Прилеп: „Маркови кули се како сцена од Star Wars, некој ми го платил ка... „Се искачив до тврдината стара 600 години, која личи како да е од светот на фант...
Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg