Женска колекција јакни есен/зима 2017

Новата Geox линија на јакни нуди модели во урбан и спортски стил, кои несомнено се тренди и совршено го рефлектираат ритамот на модерниот свет. Комбинацијата на технологија и изглед со уникатниот италијанскиот дизајн се стреми да постигне апсолутни перформанси и благосостојба, притоа нудејќи разновидност и женствена прецизност, дизајн кој ќе го подобри квалитетот на животот и кој одговара на секојдневните комбинации.

zhenska-kolekcija-jakni-esen-zima-2017-01.jpg

Колекцијата се заснова на секојдневната формалност во релаксирана и урбана средина, со смела иновација во користењето на материјалите, боите и опипливите ефекти. Палетата на бои нуди неутрални и ладни нијанси, прошарани со бежови и шеќерни  тонови. Лесни и меки на допир, јакни со практичен и есенцијален дизајн со карактеристични детали како големи крагни, металик додатоци и качулки од вештачко крзно кои сочинуваат префинет микс.

Материјалите на спортските дизајни го подобруваат моделот со вметнување на волна и фланел мешавина во внатрешноста на парчето и на надворешните детали од поставените јакни.

Лежерната колекцијата црпи инспирација од природата, пејзажите, реинтерпретирајќи ги типичните карактеристики кои треба да ги содржи надворешната облека во високофункционален и софистициран концепт на удобност. Колор палетата се концентира околу боите на шумите и дрвјата, со нијанси на зелено, сино и „каки“.

Парките со „прашест ефект“ имаат иновативна топлинска постава и се надополнети со меки качулки од вештачко крзно.
Во лежерната линија, модните трендови се среќаваат со вредностите на заштита, удобност и слобода во движењето кои ќе го олеснат соочување со зимската сезона која следи.

Женственоста и технологијата се спојуваат во иновативни комбинации на ткаенини и специјални финиши, парчиња со ватирана постава и високи перформанси. Јакните се поставени со пердуви и разубавени со сјајни додатоци и вештачки крзнени крагни кои дополнително ќе ве заштитат и затоплат. Колор палетата содржи интензивни нијанси на црна, сива и црвена.

Технолошката извноредност на GEOX се пренесува во целост со NEBULA проектот кој ни претставува нови дизајни за постудените месеци: јакната е изработена со ексклузивна еластична ткаенина со еко-ватираност, интегрирана со револуционерниот 3Д систем на „дишење“, дизајниран да осигура највисоки стандарди на удобност и природна вентилација.

Долгата парка и кратката „бомбер“ јакна се со чисти линии, изразувајќи техничка супериорност преку динамичниот, практичен и современ стил – идеален за секоја пригода во денот.

Би можело да ве интересира:

„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...

Најчитани неделава