Нов ТВ серијал „Во наше име“

Од сабота, 25 ноември 2017 година во 20.00 часот во рамки на Вестите на Телевизија 24, започнува со емитување ТВ серијалот „Во наше име“.

nov-tv-serijal-vo-nashe-ime-001.jpg

Следните шест саботи серијалот „Во наше име“ во фокусот ја става медиумската писменост и отвара прашањата од јавен интерес. Ќе зборува за принципите кои треба да се почитуваат при информирање на јавноста на теми како говор на омраза, заштита на лични податоци, нарушување на право на приватност, јавен интерес наспроти интерес на публикат- таблоидизација на медиумите, заштита и безбедност на децата и малолетниците на интернет и што е медиумска писменост.

„Со овој серијал сакаме да го поттикнеме критичко разбирање на медиумските содржини и активното вклучување на граѓаните во контролата на содржините кои ги пласираат медиумите. Само активната публика која ќе делува како коректив на новинарската работа може да помогне во подигнување на новинарските стандарди и квалитетот на новинарското известување, а со тоа и да ги потсети новинарите на нивната улога како чувари на јавниот интерес“ – вели Ана Зафирова претседател на здружението „Реформатор“.

Како соговорници се јавуваат комуникациски експерти, професори, граѓански активисти и јавни личности.

Целта на серијалот „Во наше име” е запознавање на јавноста со процесот на создавање медиумски содржини за да се поттикне критичко следење на содржините кои медиумите ги пласираат и активно вклучување на граѓаните во нивно креирање при што граѓанинот ќе се стави во улога на контролор на медиумите.

Реализацијата на овој ТВ проект е на здружението за медиумска и комуникациска култура и граѓански права „Реформатор“ како добитници на гранд преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">Медиумска писменост

Прашањето кое го отвораме во првата епизода на ТВ серијалот #Вонашеиме е „Што е медиумска писменост?“ Иако често ја поистоветуваат со јазична писменост и новинарски кодекс, откријте зошто медимската писменост е задолжителна во денешната ера. Во сабота 25.11.2017 на Телевизија 24 во вестите во 20 часот. #МедиумскаПисменост, #КоалицијаЗаМедиумскаПисменост, #MediaLiteracy, #ЕУЗаТебе

Posted by Reformator Skopje on Friday, November 24, 2017

Би можело да ве интересира:

„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар... „Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошарк...
Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав некол... „Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Жарко Димоски и Андреа прославија 5 години брак – тој ѝ подари прстен со 5 дијаманти, па имаа интере... „5 дијаманти за 5 години брак“ – напиша Андреа на фотката од подарокот од нејзин...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...
Антониа и Роберт никогаш позаљубени - се бакнуваат на плажа, пејачката го храни сопругот во неговиот... Иако ретко споделуваат приватни моменти во јавноста, преку видеото Роберт и Анто...

Најчитани неделава