Подобрени условите во Посебното основно училиште Иднина, донација од Неотел

(Скопје, 30.11.2017) – Подобрени услови и комплетно молерисување на просториите, училниците, ходниците, ентериерот и помошните простории, доби Посебното основно училиште Иднина, донација од телекомуникацискиот оператор, Неотел. Во просториите на училишната зграда, во безбеден и убаво уреден објект, учениците организираа и приредба во чест на својот донатор.

podobreni-uslovite-vo-posebnoto-osnovno-uciliste-idnina-donacija-od-neotel-01.JPG

Претставниците на компанијата и вработените, присутни на настанот, посетата на училиштето ја искористија и како повод за дополнителна донација за децата, штитеници на училиштето. „Со целата активност под која се обединија сите вработени при изборот на ова училиште за нашата донација, добивме искрени пријатели што уште еднаш нè увери дека како компанија, можеме да придонесеме за подобрување на животите на другите, за заедницата, за посреќни детски животи. Да се биде денес тука има непроценливо значење затоа што, искрените емоции на лицата на овие деца и благодарноста што ја искажуваат, е важна лекција за секој поединец и посебно компанија што работи во истата оваа заедница“, изјави Трајче Черепналковски, Генерален директор на Неотел.

podobreni-uslovite-vo-posebnoto-osnovno-uciliste-idnina-donacija-od-neotel-02.JPG

Своето задоволство за донацијата и искажаното внимание кон вработените на Неотел, децата ја изразија и со доделување благодарници. „Оваа донација ни помага за сестрана грижа кон учениците, а гестот да се израдуваат децата со подароци воочи Светскиот ден на лицата со инвалидност, 3 Декември, зборува за хуманиот аспект на компанијата Неотел како општествено одговорна која има чувство за ранливите категории во социјалната заедница. Со својот ангажман, вработените на Неотел покажаа дека на различностите гледаат со срцето и веруваат дека светот треба да биде подобро место за живеење на сите и со свој пример ја поддржуваат формулата за еднаквост, поддршка плус достапност минус дискриминација, води кон среќа за сите“, изјави Анета Петровска, директор на ПОУ Иднина.

podobreni-uslovite-vo-posebnoto-osnovno-uciliste-idnina-donacija-od-neotel-03.JPG

Во училиштето се згрижени околу 115 деца, a училишниот објект лоциран во Општина Чаир е изграден во 1963 година и располага со капацитети за едукација и подобрување на физичката и менталната состојба на децата од основно училиште кои се со посебни потреби.

Би можело да ве интересира:

Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...

Најчитани неделава