Прилепска Пиварница со „Посебно признание“ од Црвениот крст за поддршка на целите на организацијата

prilepska-pivarnica-so-posebno-priznanie-od-crveniot-krst-za-poddrshka-na-celite-na-organizacijata-01.jpg

(Прилеп, 18.12.2017) - Прилепска Пиварница АД Прилеп од Црвениот крст на Република Македонија (ЦКРМ) доби „Посебно признание“ во знак на благодарност за поддршката во остварувањето на хуманитарните цели и задачи на организацијата. Признанието беше доделено во рамките на 8ми-от Партнерски состанок што се одржа на 13.12.2017 година во Црвениот крст, а на кој учествуваа претставници на корпоративниот сектор како и од Министерството за труд и социјална политика.

Важноста на корпоративната општествена одговорност и посветеноста на компаниите кон поддршка на функцијата и улогата што ја има Црвениот Крст беше истакната и од Секретарот на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а истата иницијатива беше поздравена и од министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Партнерскиот состанок, се организираше со цел да се промовираат хуманитарните вредности на ЦКРМ и за поттикнување на стратешки партнерства за надминување на проблемите со кои се соочува населението во заедниците.

Низ годините на својата работа Прилепска Пиварница има развиено голема поддршка и пријателство кон оние на кои им е потребна помош. Mногу пати досега со низа акции и донации ја докажа својата општествена одговорност. Меѓу другото, на манифестацијата „Различни, а еднакви“ таа доби и признание за општествена одговорност поради многубројните донации и посветеноста во намалувањето на разликите на лицата со посебни потреби и за подигање на јавната свест за нивните потреби и проблеми.

prilepska-pivarnica-so-posebno-priznanie-od-crveniot-krst-za-poddrshka-na-celite-na-organizacijata-02.JPG

Би можело да ве интересира:

Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Кои познати Македонци добија принова во 2025-та? Некогашната кошаркарка Едина Муса стана мајка и го доби синот Максим, син доби и...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...

Најчитани неделава