Шпаркасе Банка со нов повик за младите претприемачи во рамките на програмата „Social Impact Award 2018“

sparkasse-banka-so-nov-povik-za-mladite-pretpriemaci-vo-ramkite-na-programata-social-impact-award-2018-04.jpg

Шпаркасе Банка Македонија и оваа година како активен поддржувач на младите претприемачи во областа на социјалното претприемништво, а во соработка со Млади Инфо, го отворија новиот повик за учество во програмата Social Impact Award 2018. Младите луѓе во Македонија на возраст од 14 до 30 години ќе имаат можност да аплицираат со свои идеи за социјален бизнис, и да освојат парични средства, инкубација, менторство, вмрежување и учество на меѓународниот самит на програмата.

Ова го овозможува Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), која е веќе присутна во 20 земји од Европа и светот. Во Македонија се одржува по четврти пат, поддржана од Шпаркасе Банка Македонија како еден од позначајните институционални покровители.

sparkasse-banka-so-nov-povik-za-mladite-pretpriemaci-vo-ramkite-na-programata-social-impact-award-2018-01.jpg

Станува збор за натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите, кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми.

„Младите во престојните 3 месеци, ќе можат да дојдат на некоја од нашите бесплатни работилници, да добијат знаења и вештини и да ги  аплицираат своите идеи за социјален бизнис преку платформата на наградата - http://socialimpactaward.mk. Доколку влезат во десетте финалисти во текот на летото нашите идни социјални претприемачи работат со експерти/ ментори за доразвивање на идејата. Понатаму, во септември стручното жири ќе одбере три победници, кои ќе добијат по 2000 евра од Шпаркасе банка. Четвртата награда, наградата изгласана од он –лајн заедницата ќе добие дополнителна менторска поддршка. Сите четири тима на почетокот на ноември ќе одат на меѓународиот самит на млади социјални претприемачи во Грузија, изјави Марија Матовска - Националната координаторка на програмата.

„Шпаркасе Банка во рамките на стратегијата за општествена одговорност под платформата „Sparkasse Life”, активно ги поддржува проектите кои се насочени кон едукација, менторска поддршка и финансиско советување на младите и талентирани студенти, развој на нивните капацитети за водење на сопствен бизнис, што во иднина уште повеќе ќе се прошири и во рамките на една посебна финансиска програма наменета токму за оваа значајна целна група.

sparkasse-banka-so-nov-povik-za-mladite-pretpriemaci-vo-ramkite-na-programata-social-impact-award-2018-02.jpg

Како дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата даваме поддршка за реализација на проектите кои имаат социјална компонента, ги поддржуваме младите иноватори, идните претприемачи кои имаат визија за реализација на нивните проекти, како и придонесуваме за поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории. Се надевам дека и во иднина ќе бидеме сведоци на одлични проекти, а ние како банка и понатаму ќе ја даваме нашата поддршка“ – изјави  Викторија Јовановска, Директор на секторот за физички лица - Шпаркасе Банка.

Шпаркасе Банка Македонија четврта година по ред ја дава својата поддршка на Social Impact Award, како еден од  покровителите на настанот, но истовремено со силно верување дека овие идеи ќе направат видлива промена и желба истите да претставуваат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество.

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...

Најчитани неделава