ЛУКОИЛ Македонија донираше прочистувачи за воздух во повеќе скопски градинки

ЛУКОИЛ Македонија опреми четири детски градинки со прочистувачи за воздух во општините Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и Карпош, а како велат од компанијата ваквата донација ќе продолжи и во иднина за да се опфатат што поголем број на градинки и да им се овозможи поздрава средина на децата.

lukoil-makedonija-donirashe-procistuvaci-za-vozduh-vo-povekje-skopski-gradinki-1.jpg

„Свесни сме за тежината на проблемот со загадениот воздух со кој Скопје секоја година се соочува и како одговорна и сериозна компанија која совесно работи и се грижи за средината нашата задача е да обезбедиме еколошки горива кои ја штитат околината и при секоја отворена можност да помогнеме онаму каде е потребно. Затоа решивме да донираме прочистувачи на воздух за детските градинки во општините кои се најпогодени од загрижувачкото ниво на загаденост. На овој начин би сакале да дадеме скромен, но значаен придонес во создавањето подобри услови за најмалите“, изјави регионалниот управител г-дин Андреј Куку.

Како компанија која се занимава со продажба на горива ЛУКОИЛ Македонија ја разбира одговорноста која ја има пред општествената заедница, па затоа, една од приоритетните задачи и стратешки цели е одговорно да се грижи за животната средина, да го помогне економскиот развојот, социјалната стабилност и  рационалното користење на природните ресурси.

На официјалното доделување во градинката “Пролет”, објект: “Сончогледи”, во  Влае,  која е дел од оваа донација, присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, кој по тој повод изјави: „Општина Карпош ја истакнува својата благодарност до ЛУКОИЛ Македонија,  за донацијата на прочистувачи за воздух кои денеска беа доделени на градинката „Пролет“, во урбаната заедница Влае.

lukoil-makedonija-donirashe-procistuvaci-za-vozduh-vo-povekje-skopski-gradinki-2.jpg

Со тоа што оваа општествено – одговорна компанија се одзва на повикот за донирање на прочистувачи, само уште еднаш ја потврдија својата грижа за локалната заедница.

Во периодот кога загадувањето на воздухот во Општина Карпош и Градот Скопје, претставуваат сериозни проблеми, оваа донација обезбедува почист воздух за дел од најмладите карпошани, кои се нашата иднина. Општина Карпош продолжува да презема сет на мерки за справување со загадувањето.  Ги повикуваме и другите компании да се придружат во оваа акција за справување со загадувањето и заштита на здравјето на најмладите.“

На настанот беа присутни и претседателот на советот на Општина Карпош, и директорката на градинката Вита Јаковлевска која изрази зборови на благодарност.

ЛУКОИЛ Македонија, покрај општествената одговорност ги следи потребите за нови, поусовршени и високо-квалитетни еколошки горива кои се пријатели на животната средина. Како резултат на овие заложби тие на пазарот ги нудат еколошките ЕКТО горива кои како петта генерација ги задоволуваат највисоките европски стандарди.

Би можело да ве интересира:

Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...

Најчитани неделава