Во која држава има најмногу слободни мажи?

Во животот на една слободна жена постојат периоди во кои се запрашува – „Кога и каде ќе ја најдам својата сродна душа?”, „Во мојот град не се случува ништо интересно...”, „Каде се сите џентлемени?”. Поттикнати од размислувањата дека изборот на слободни мажи во општеството во кое живееме и делуваме се намалува и дека можеби среќата е на друго место, почнавме да пребаруваме во која држава се „кријат” слободните мажи.

vo-koja-drzava-ima-najmnogu-slobodni-mazi-001.jpg

Според истражувања направени на ниво на Европа, не е изненадувачки дека земји како Шведска,  Италија и Франција се на врвот на листата со најмногу мажи кои уживаат во слободниот живот. Во Шведска, покрај бенефитите кои ги има жената во оваа земја, за кои според обемот се верува дека се единствени во целиот свет, истражувањата покажуваат дека овде мажите се тие кои се задолжени за домаќинството и куќната работа. Токму затоа и живеењето како ергени им претставува задоволство. Во Милано, пак, иако градот изобилува со врвни вина, романтични места за вечера, архитектонски и модни уживања, космополитските Италијанци сакаат да чекорат сами по Corso Vittorio Emanuele II. За градот на светлината – Париз, познато е дека која било активност да се одбере, може да се ужива - шетајќи по кејот на Сена, разгледувајќи еден од многуте историски споменици и безвременски музеи или пиејќи вино во совршените ресторани на Монмартр. Француската магија нема да е целосна ако нема со кого да се сподели, но Французите се сепак  најголеми љубители на самечкиот живот.

Иако истражувањето за земјите во кои се „кријат” слободните мажи звучи примамливо, сепак не се потребни џентлемени од космополитски градови да го направат овој 8 Март посебен за секоја припадничка на понежниот пол, бидејќи во нашиот град, џентлемените се сеприсутни, традиционални и уживаат да се во друштво на поубавиот пол.

Инспирирани од празникот на жената, Скопје Сити мол покани четворица добро познати џентлемени да го разубават празникот на четири среќни добитнички. Кампањата „Скопје Сити мол за 8 Март ве носи на...” ги предизвика Дарио Панковски, Игор Џамбазов, Драган Б. Костиќ и Шеф Марк да им покажат на среќните добитнички во што се најдобри и да им го исполнат празникот со незаборавни искуства. Шеф Марк ќе избере и приготви вкусно мени, Дарио ќе почести извесна дама со нејзиниот омилен пијалак во кафе барот „Миг 21”, една среќна добитничка ќе биде дел од пробата и претставата на Игор Џамбазов, а за добрата музика и расположение на четвртата добитничка ќе биде задолжен Драган Б. Костиќ. Покрај четирите девојки кои ќе се дружат со ангажираните јавни лица, останати 90 добитнички ќе бидат наградени со по два билети и ќе уживаат во театарската  претстава „Кец на десетка” во МНТ на 08.03.2018, од 20 часот.

Би можело да ве интересира:

Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Maкедонка, што живее во САД, го откри полот на бебето со натпис на куќата и украси во дворот - најср... „Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дозн...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Маријан Стојаноски по третпат ќе стане татко: „Сопругата е во 8-иот месец, спремни сме за раѓањето н... „Сопругата Наташа е во 8-иот месец од бременоста. Ние сме веќе подготвени и го ч...
Антониа Гиговска го откри полот на бебето - со сопругот очекуваат момче Пејачката со претходна најава точно во 12 часот го откри полот на бебето, таа и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg