Викторија Лоба новото заштитно лице на Орифлеим: „Сите жени се убави на свој начин“

Денес во ресторанот „Four“ Орифлеим Македонија оддржа несекојдневен и инспиративен настан полн со изненадувања овозможувајќи им на присутните мигови вредни за паметење.

viktorija-loba-novoto-zastitno-lice-na-orifleim-site-zeni-se-ubavi-na-svoj-nacin-05.JPG

Оваа шведска козметичка компанија која глобално постои веќе 50 години, а на македонскиот пазар 22, за првпат ќе се обиде да ги доближи своите природни производи како и целата филозофија за убавината преку нивното ново заштитно лице Викторија Лоба. Со откривање на нивното ново бренд мото „Убава на свој начин“ Орифлеим на своите корисници сака да им порача дека ги почитува сите жени заедно, со сета нивна различност, единственост и посебност, а тие се тука за да им помогнат да ја истакнат својата верзија на убавина на свој начин и да ја поддржат во сите нејзини облици.

viktorija-loba-novoto-zastitno-lice-na-orifleim-site-zeni-se-ubavi-na-svoj-nacin-02.JPG

На настанот покрај Лоба присуствуваше и се обрати Директорот на Орифлеим за Македонија г. Влатко Смилески, кој изјави: „Чест ми е да бидам дел од ова семејство, кое по 50 години постоење, прерасна во козметички гигант, посилен од било кога, со докажан интернационален успех. Ние веруваме во убавината! Вашата убавина е лична како и вашите соништа. Преку уникатните производи на Орифлеим осмислени во Шведска им даваме можност на милиони луѓе ширум светот да го променат својот живот на подобро. Кога изгледате добро се чувствувате добро. А кога се чувствувате добро, подготвени сте да ги следите своите соништа. Низ ова наше ново поглавје, кое го започнуваме и промовираме денес, среќен сум што до нас ја имаме Викторија Лоба со која „на  прва“ се препознавме и сфативме дека делиме многу заеднички нешта. Таа е единствена, а сепак различна, остварена, и која остава свој печат позади себе. Заедно со неа во периодот кој следува ќе ја оствариме мисијата во која ќе ги охрабриме жените и ќе ја славиме нивната посебност, независност, смелост...се она што ги прави единствени и убави“.

viktorija-loba-novoto-zastitno-lice-na-orifleim-site-zeni-se-ubavi-na-svoj-nacin-01.JPG

Присутните на промоцијата имаа можност да ја погледнат и изложбата на фотографии со Викторија Лоба подготвени специјално за новиот каталог на Орифлеим и нивната нова кампања.

По повод новата соработка Викторија изјави: „Кога го имате вистинскиот партнер покрај себе и во него комплетно верувате, сè е лесно и работата беспрекорно тече. Ми претставува особена чест да бидам дел од оваа приказна за која веќе можам да кажам дека е заедничка. Кога ја добив понудата за соработка воопшто не размислував, интуитивно почувствував дека веднаш ќе се вклопам во овој предизвик, така и се случи! Пораката која кампањата ја испраќа ми се допаѓа и лесно се идентификувам со неа. Убавината на секој човек ја гледам во специфичноста и оригиналноста која секој од нас ја носи во себе“.

viktorija-loba-novoto-zastitno-lice-na-orifleim-site-zeni-se-ubavi-na-svoj-nacin-04.JPG

Со 50 годишно искуство и повеќе од 100 стручни соработници и најмодерени апарати за истражување и развој, шведската компанија Орифлеим постојано открива нови решенија и формулации за да создаде прогресивни, иновативни производи кои ги следат потребите на современиот потрошувач.

Животот на Орифлеим производите започнува во нивниот „Институт за истражување на кожата“ каде се користат софистицирани научни методи за креирање на единствени и патентирани формулации кои им даваат предност пред конкуренцијата. Овие нови формулации потоа се проследуваат до експертите во нивниот „Центар за развој на производи“ во Даблин, Ирска, кои имаат задача да креираат козметички формулации кои ќе се вклопат во веќе постоечките Орифлеим колекции или кои ќе покренат комплетно нова колекција. Потоа формулацијата се испраќа во производство со што станува достапна на нивните Консултанти. Во моментов компанијата ја сочинува глобалната заедница од над 3.5 милиони Консултанти во повеќе од 60 земји на ширум светот. Нивниот константен успех се базира на врвниот квалитет на производи наменети за нега на кожа со врвни перформанси, преку Велнес производите за убавина одвнатре, па се до врвната декоративна козметика.

viktorija-loba-novoto-zastitno-lice-na-orifleim-site-zeni-se-ubavi-na-svoj-nacin-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg