Виталиа обезбедува вработување на ученици од СЕТУГС Михајло Пупин по нивното матурирање

Виталиа потпиша меморандум за соработка со средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, со што го поддржа воведувањето на дуалното образование во Македонија, според кое се креираат наставни планови соодветни на потребите на пазарот, а учениците се стекнуваат со вештини со кои ќе дојдат до полесно вработување.

vitalia-obezbeduva-vrabotuvanje-na-ucenici-od-setugs-mihajlo-pupin-po-nivno-maturiranje-01.jpg

57 матуранти од 80 ученици ќе имаат можност да учат по наставна програма која е профилирана за потребите на шест компании во Македонија кои по завршувањето на нивното образование им гарантираат вработување. Виталиа е една од шестте компании кои ќе вложат во иднината и професионалните кариери на матурантите чиј избор ќе биде токму ова стручно училиште и посебните програми.

„Нам ни претставува голема радост што ќе имаме можност да ги поддржиме овие млади луѓе во нивниот образовен процес и професионално обликување.  Се надеваме дека и за нив оваа соработка ќе биде мотивација да вложуваат во својот професионален развој, сметајќи на сигурноста пружена од нашата компанија. Воедно, би сакале да изразиме благодарност за можноста да учествуваме во градење на квалитетен кадар кој ќе помогне во реализација на развојните планови на компанијата.“ – изјави Искра Ветаџокоска Муцунска ко-сопственик на Виталиа.

Со овој проект, Виталиа ќе им овозможи на младите талентирани и амбициозни ученици стекнување и практикување нови вештини во реални процеси во рамките на компанијата, а и полесно стапнување на пазарот на труд во иднина.

vitalia-obezbeduva-vrabotuvanje-na-ucenici-od-setugs-mihajlo-pupin-po-nivno-maturiranje-02.png

Би можело да ве интересира:

Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
Браво Ангела! Средно училиште од Скопје е гордо на својата матурантка - оди на натпревари, олимпијад... Ваква младина сакаме! И горди сме на секој првенец на генерација во Македонија. ...

Најчитани неделава