Vip летни роаминг промоции - 2GB интернет во роаминг во Vip Roam Surf

Скопје, 25 јуни 2018г. – Во пресрет на летните одмори Vip воведува промотивна понуда за пакетите Vip Roam Surf, со која на своите корисници им овозможува уште повеќе интернет во роаминг. Пакетите Vip Roam Surf овозможуваат слободна интернет комуникација за резидентните и бизнис корисниците со целосна контрола на трошоците во странство.

vip-letni-roaming-promocii-2gb-internet-vo-roaming-vo-vip-roam-surf-001.png

Промотивно, со активација на Vip Roam Surf XL пакетот корисниците добиваат промотивни 2GB интернет во роаминг за само 499 денари со што можат да бидат онлајн во секој момент од своето патување.

Дополнително, сите нови корисници на тарифите Vip Neo L и Vip Neo XL ова лето можат опуштено да сурфаат додека се во странство, бидејќи добиваат 2GB интернет во роаминг можат да го користат до крајот на септември 2018, без дополнителна наплата.

Со цел да уживаат во придобивките за користење интернет по најповолни услови при престојот во странство, сите постпејд корисници на мобилната телефонија можат да ги користат роаминг пакетите на Vip со кои несаканите трошоци стануваат минато бидејќи откако ќе биде истрошен вклучениот интернет во пакетот, пристапот до интернет автоматски ќе биде прекинат. За да може корисникот да продолжи да користи интернет во роаминг, може да активира дополнителен роаминг-пакет.

Пакетот Vip Roam Surf XL и промотивните 2GB интернет во роаминг во тарифите Vip Neo L и Vip Neo XL важат во 23 земји и оператори во Европа, меѓу кои: Италија, Германија, Шпанија, Србија, Бугарија, Хрватска, Грција, Албанија, Турција и други.

Доколку корисникот премине на мрежата на роаминг – оператор што не е вклучен во пакетот, пристапот до интернет ќе биде прекинат, а преку SMS порака корисникот добива инструкции како да продолжи со користење на интернет во роаминг. Проверка на преостанат интернет е достапна со испраќање SMS порака со текст STATUS INTERNET на бројот 1490.

За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница www.vip.mk или јавете се на 077 1234

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Маж доби срце од донор на скопска Клиника - од 2021-ва бил на листата за транспла... „Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи....
Калиопи емотивна за роденденот на бившиот сопруг Ромео Грил - му честита со ретро фотки (видео) „Маестро Ромео, среќен роденден! Како вистински диригент на својата приказна, не...
Мери Амбросова: „Ќерка ми отиде првпат кај татко ѝ во странство – морав да ја спремам за живот со др... „Марта отиде кај татко ѝ – 13 дена во странство. А дента кога ја испраќав, ...
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...
Тин ѕвездата Миха Гигов наполни 18 години, Цаци Паковска горда на него: „Порасна во прекрасен маж и ... „Независно колку високо се издигна, никогаш не заборави од каде доаѓаш. Остана п...
Хит сцена во Скопје: Невеста отиде на гласање во венчaница, па си продолжи на својата свадба „Комплетно гламурозна на гласање“, се пошегува Сандра, која во венчаница, со мла...

Најчитани неделава