Пакомак објави конкурс за најеколошки градоначалник и општина

Пакомак објави конкурс за избор на најеколошки градоначалник и општина за 2018 година. Изборот ќе се изврши во јануари 2019 година, а право на учество имаат сите општини во земјава, урбани и рурални.

pakomak-objavi-konkurs-za-najekoloski-gradonacalnik-i-opstina-01.jpg

Критериумите што треба да ги исполни најеколошкиот градоначалник се објавени на веб – страницата www.pakomak.com.mk , а голем дел се однесуваат на собраните количини на селектиран отпад од пакување, собраните колични стаклена амбалажа, висина на средствата во општинскиот буџет наменети за еколошки проекти, како и веќе реализирани проекти поврзани за одржливо живеење.

„Нашата цел е да изразиме поддршка и почит кон оние позитивни примери помеѓу градоначалниците кои во својата општина им даваат предност на еколошките проекти, ги планираат и реализираат. За нас секое најмало вложување и постапување во насока на заштита на животната средина значи голем чекор напред кон еколошките реформи што треба да и се случат на нашата земја, но пред сé во секоја општина поединечно“ – вели Филип Ивановски, извршен директор во Пакомак.

pakomak-objavi-konkurs-za-najekoloski-gradonacalnik-i-opstina-02.jpg

Пријавувањето на учеството на конкурсот може да се направи до 31 декември 2018 година до 23.59 часот. Пријавата треба да се достави во електронска форма на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Формата за пријавување може да се преземе од веб-страницата на „Пакомак“ www.pakomak.com.mk.

Компанијата „Пакомак“ на најеколошката општина и градоначалник ќе им додели модерно детско игралиште направено од еколошки материјали. Игралиштето ќе биде поставено на локација во општината што ќе биде договорена во соработка со општинските власти.

pakomak-objavi-konkurs-za-najekoloski-gradonacalnik-i-opstina-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава