За сите ние што не знаеме да правиме палачинки

Веројатно не постои некој што не сака палачинки. Тоа слатко тенко тесто што неодоливо нè потсетува на детството и на топлината на домот во кој ни ги подготвувале нашите мајки, тетки и баби.

za-site-nie-sto-ne-znaeme-da-pravime-palacinki-01.jpg

А кога ќе пораснеме ги јадеме сè поретко. Знаете зошто?! Затоа што е проклето тешко да се направат!

Навидум наједноставниот домашен десерт е извор на фрустрации на многу луѓе, од момчињата што сакаат да ги изненадат своите девојки, до мајки и баби што сакаат да ги израдуваат дечињата... Сигурно и вие барем еднаш сте биле на работ да го фрлите тавчето низ прозорец по безбројните неуспешни обиди да ја погодите смесата и конечно да извадите барем една добра, округла и непрепечена палачинка.

И знаете што?! Мнозинство сме, и не се срамиме да признаеме! Навистина повеќето од нас не знаат да направат палачинки и затоа оваа вест е радост за сите нас – македонскиот бренд „Фантазија“ ни нуди генијални полуготови смеси за палачинки и вафли со кои практично не можете да направите утка. Нема хаос во кујната, нема “Повеќе млеко требаше изгледа”, нема гладни усти и разочарани лица.

za-site-nie-sto-ne-znaeme-da-pravime-palacinki-02.jpg

А, толку се вкусни...

Буквално сè што ви треба е еден сад, едно јајце и едно добро тавче. Техниката со текот на времето ќе ја совладате, сега кога смесата е доведена до совршенство.

Животот е малку попразен без вкусни палачинки, зошто да го живеете така?! Изненадете ги саканите, направете им неочекуван појадок или вечера, па зошто да не и ручек со превкусни палачинки, и бројте ги насмевките кои ќе ги добиете.

Палачинките од Фантазија се секогаш радост!

za-site-nie-sto-ne-znaeme-da-pravime-palacinki-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Марина Ристовска, наша професорка: „Ах, питата со јаболка од Ванила и кога сами се возевме со автобу... „Бев трето одделение прв пат ме запишаа на курс по англиски у Работнички. Заедно...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава