Светскиот виртуоз на хармоника Душан Секулиќ со хуманитарен концерт во Куманово

Деновиве во Куманово ќе се случи уште еден интересен настан, поточно на 28 ноември со почеток од 20 часот во Кумановскиот театар ќе се одржи хуманитарен концерт на светскиот виртуоз на хармоника Душан Секулиќ и тоа организиран од страна на Ротаракт Клуб Куманово. Станува збор за здружение на граѓани и млади амбициозни луѓе, полни со идеа и желба за реализација кои се залагаат за подобро Куманово, па и пошироко.

svetskiot virtuoz na harmonika dushan sekulic so humanitaren koncert vo Kumanovo 9

Во продолжени следува разговор со Кристина Темелковска (27), секретар и еден од основачите на Ротаракт Клуб Куманово.

Претпоставувам дека ова е  прв хуманитарен концерт на Ротаракт Клуб Куманово и токму таа приказна ја започнавте со Душан Секулиќ, зошто го избравте токму него?

Да, ова е нашиот прв хуманитарен концерт и искрено се надеваме дека нема да биде и последен. Душан е член на Ротаркт Клуб Бјелина и неговите концерти хуманитарно се одржуваат во соседните земји, а по првото запознавање на една од нашите Ротаракт забави со Душан веднаш ни дојде идеја да организираме настан од ваков вид.

Се запрашавме, зошто да нé одржиме еден таков концерт и кај нас, во Куманово. Воедно со тој концерт би собрале пари за нашиот проект, а и луѓето би се забавувале на нешто поразлично од секојдневните настани. Душан е познат по својата професионалност, харизма и одлична изведба со својата хармоника. Се надеваме дека настанот ќе има посетеност.

svetskiot virtuoz na harmonika dushan sekulic so humanitaren koncert vo Kumanovo 6

За што ќе бидат наменети собраните средства од концертот?

Собраните средства ќе бидат наменети за изградба на спортски справи за лица со посебни потреби на кеј во Куманово, кои ќе бидат поставени веднаш до спортските справи со цел лицата со посебни потреби да не бидат дискриминирани и да бидат вклучени во спортските активности.

svetskiot virtuoz na harmonika dushan sekulic so humanitaren koncert vo Kumanovo 1

Освен што стоите зад хуманитарниот концерт на Душан Секулиќ, кои други настани и проекти ги имате организирано?

За овие три години постоење имаме постигнато доста голем успех. Како поглавни проекти ќе ги издвојам Новогодишната кошничка каде донираме на социјално загрозени семејства, како и  Велигденската кошничка. Тоа е проект наменет за деца со посебни потреби и она што го прави посебен е тоа што велигденските јајца кои ги продаваме на плоштадот на Куманово се изработени лично од децата од Центар за социјални проблеми со кој имаме одлична соработка.

 svetskiot virtuoz na harmonika dushan sekulic so humanitaren koncert vo Kumanovo 4

Колку што ми е познато Ротаракт Клуб Куманово има остварено и интернационални соработки со други клубови низ Европа. Може ли да ни откриеш нешто повеќе за тоа?

Токму така. Досега имавме успешна соработка со Ротаракт Клуб Волос за денот на ХИВ вирус со цел да се подигне свеста на граѓаните за превенција од вирусот. Се збратимивме со Ротаракт Клуб Марибор, Словенија, како и со Ротаракт Клуб Врање, Република Србија со кои имаме успешен проект во руралните средини со цел да се обезбедат потребните средства во училишта како во Куманово така и во Врање.

Успешна соработка и дружба имаме и со Сојуз на ротаракт клубови во Македонија, и сето тоа направено со огромна љубов спрема клубовите и членовите, а посебно спрема граѓаните на нашата земја, воедно формирајќи огромно ротаракт семејство.

svetskiot virtuoz na harmonika dushan sekulic so humanitaren koncert vo Kumanovo 2

Што следува после овој проект од страна на Ротаракт Клуб Куманово?

Сé уште работиме на годишната програма за проекти, но на повидок се неколку помали проекти кои би значеле многу за подигањето на свест во нашето општество. Можете активностите на Ротаракт Клуб Куманово да ги следите на Фејсбук и да бидете во тек со настаните.

svetskiot virtuoz na harmonika dushan sekulic so humanitaren koncert vo Kumanovo 7

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов ужива со ќерката на концерт на Coldplay во Торонто: „Ова е нејзин прв концерт“ Јован Јованов во одлично расположение се забавува со ќерката Малеа на концерт во...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...

Најчитани неделава