Стотици луѓе се дел од Глобалниот лидерски самит во Македонија

Скопје (23.11.2018) - Оваа година на Глобалниот лидерски самит, стотици луѓе од Македонија им се приклучија на 445.000 свои колеги. Нивната цел е да дознаат како максимално да го искористат своето влијание и да се развијат на професионален план.

stotici-lugje-se-del-od-globalniot-liderski-samit-vo-makedonija-1.JPG

Присутните ја имаа можноста да ги слушнат искуствата од најразновидни говорници кои нудат уникатен микс на визија, инспирација и практични вештини кои секој може веднаш да ги примени. Неколку од говорниците се Симон Синек, бестселер според New York Times, Анџела Арндтс, главен потпретседател на малопродажба во Apple, Џон К. Максвел, експерт за лидерство, Расмус Анкерсен, автор и бестселер, Крег Грошел, ко-основач и главен пастор, Life.Church.

stotici-lugje-se-del-od-globalniot-liderski-samit-vo-makedonija-2.JPG

„Оваа видеокаст конференција има за цел да подобри, да инспирира и да мотивира одлично водство без разлика на секторот на дејствување. Ваквата визија ГЛС ја спроведува преку овозможување ексклузивни говори на врвни светски водачи, практични материјали и контекст за локална интеракција. Овогодинешниот самит во Македонија понуди нова, изводлива и инспиративна содржина за лидерство од светски говорници.“, истакна Никола Галевски, организатор на Глобалниот лидерски самит во Македонија.

stotici-lugje-se-del-od-globalniot-liderski-samit-vo-makedonija-3.JPG

Сите кои се дел од самитот ќе ја имаат можноста да ја подобрат својата тимска работа, преку зголемување на задоволството во работата и продуктивноста. Тие што присуствувале на самитот велат дека нивната организација е поефективна бидејќи има појасна визија.

Самитот ги отвора вратите на успехот и се повикуваат сите кои не беа во можност да присуствуваат оваа година, да се подготват за наредната.

stotici-lugje-se-del-od-globalniot-liderski-samit-vo-makedonija-4.JPG

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...

Најчитани неделава