Брендот Брилијант се проширува, маслото Брилијант Омега 3 во продажба

(Штип, 06.12.2018) – Брилијант Омега 3 е новото масло за јадење од Витаминка кое е достапно на продажните места. Со појавата на Брилијант Омега 3, се зголемува производниот асортиман на фабриката во Штип, а брендот Брилијант ја зацврстува својата позиционираност на пазарот.

brendot-brilijant-se-prosiruva-masloto-brilijant-omega-3-vo-prodazba-01.JPG

Воведувањето на ова масло е инвестирање во проширување на производниот асортиман а преку воспоставување на новиот технолошки процес, претставува вложување и во фабричките капацитети.

Со Брилијант влеговме во сегмент на производство каде има голем потенцијал за раст. Имајќи ја предвид експертизата на Витаминка во делот на иновациите и развој на производите Брилијант има само успешна приказна пред себе. Сепак станува збор за производ што има своја традиција, свој неспорен квалитет, свои потрошувачи, но со иновативни производи ќе успееме да придобиеме и нови потрошувачи. Праксата покажува дека со вистински вложувања, во вистински момент и начин, секој бизнис дава резултати. Таков е примерот со Брилијант“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

brendot-brilijant-se-prosiruva-masloto-brilijant-omega-3-vo-prodazba-02.JPG

Во производството на Брилијант Омега 3 искористени се современи методи со што се доби висококвалитетно сончогледово масло збогатено со есенцијални масни киселини. Брилијант Омега 3 е збогатено со докосахексонична (DHA) масна киселина и со тоа станува извор на Омега 3 масни киселини, а со негово консумирање и голем здравствен бенефит.

brendot-brilijant-se-prosiruva-masloto-brilijant-omega-3-vo-prodazba-03.JPG

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Празнична магија во Штип - градот блеска со светилки, украси и накитени мостови Новата 2026 е на прагот, а нашите градови, еден по еден, почнуваат да живеат во ...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...

Најчитани неделава