Дојче Телеком e највреден европски телекомуникациски бренд

dojce-telekom-e-najvreden-evropski-telekomunikaciski-brend-001.jpg

  • Компанијата ја достигна највисоката вредност на брендот во својата историја

Дојче Телеком ја одбрани позицијата – највреден телекомуникациски бренд во Европа.  Компанијата исто така е прогласена за втор највреден германски бренд во светот по Mercedes-Benz. По нив следуваат BMW и Volkswagen. Amazon е прогласен за највреден бренд на глобално ниво, а зад него се наоѓаат Apple и Google.

Според рангирањето на Brand Finance Global 500, Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 46,26 милијарди долари. Тоа е зголемување од 15,2 проценти во споредба со претходната година. Од неговото повторно воведување во 2008 година, вредноста на брендот континуирано расте и се зголеми за импресивни 420 проценти.

Во Македонија, највредниот европски бренд е присутен преку Македонски Телеком, што е дел од Дојче Телеком Групацијата од 2001 година.

Секоја година Brand Finance ги определува највредните брендови во светот. Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче Телеком е одраз на стабилноста на стратегијата. Компанијата успешно го продолжи својот позитивен деловен развој и минатата година, со долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги, а сето тоа претставува основа за зголемување на вредноста на брендот.  

Информации за Brand Finance Global 500: www.brandfinance.com

Би можело да ве интересира:

Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
Ноне наполни 39 години: „Сонувам да го истражам светот со посилна половина и, ако Бог даде, со мои д... „Благословена сум што посетив 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а пот...
Драган Спасов Дац со фотка од детството за роденденот на мајка си: „Сите мајки се добри, но само едн... „Мојата мајка се вика Лидија и таа е најдобрата и најубавата мајка на светот. Ја...
Горди сме! Марија (22) од Богданци освои втора награда за моден дизајн од светскиот бренд Pierre Car... Македонија има талентирана младина! Студентка Марија Роглева од Факултетот за ар...
Место со врвно кафе во Скопје - „Тhe Dudе" повторно меѓу 100 најдобри кафетерии во светот Еден од најкул локалите во Скопје специјализирано за кафе, The Dude, втора годин...
Бодибилдерката Мери Акиевска чека бебе - направи откривање на полот со торта, пресреќни со саканиот Трикратната светска шампионка во бодибилдинг, Мери Акиевска, ќе стане мајка, а в...

Најчитани неделава