Дали сте подготвени да плаќате само 3 евра на ден за меѓународно образование?

Високото образование треба да биде достапно до секого. Затоа, за што поголема достапност до квалитетно образование, Меѓународниот Балкански Универзитет заедно со Халкбанка создадоа уникатен производ – Студентски кредит со 0% камата и со промотивна школарина од 1000 евра. Овој, наменски студентски кредит отвора можности за многу средношколци да ги реализираат своите амбиции за квалитетно високо образование и студии што гарантираат успешна кариера во земјава или странство.

dali-ste-podgotveni-da-plakjate-samo-3-evra-na-den-za-megjunarodno-obrazovanie-001.jpg

Станува збор за субвенциониран кредит за студирање на Меѓународниот Балкански универзитет, за којшто родителите или членови на семејството на студентот можат да аплицираат за кредит за студирање без надомест за апликација и одобрување, а не се предвидени ниту трошоци за предвремена отплата. Меѓународниот Балкански универзитет ја покрива каматата за студентскиот кредит, а студентот, односно родителите ја плаќаат школарината кон универзитетот на 12 еднакви месечни рати без камата со можност за добивање грејс период за отплатата од 3 месеци.

Како дополнителна можност за новите студенти, Меѓународниот Балкански универзитет овозможи и промотивна намалена школарина од само 1000 евра со комплетно покриени трошоци за студирање.

Оваа сума пресметана на дневно ниво, претставува скромни 180 денари на ден, сума која има за цел да не го оптоварува семејниот буџет а обезбедува меѓународна академска средина на еден од најдобрите универзитетски кампуси во државата.

Инвестирањето во квалитетно образование е најдобрата инвестиција која можете да ја направите за вашето дете. Квалитетното образование е предуслов за градење успешна кариера во границите на сопствената држава, но и надвор од неа, а МБУ создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на меѓународните пазари на трудот. Единствено овој универзитет има над 90% професионално ангажирани дипломци во првите 6 месеци по дипломирање, што е највисок процент, воопшто во целиот регион. 

Би можело да ве интересира:

Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...
Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинка на синот – го носи возач со луксузен автомобил „Александра го сака само најдоброто за своите деца. Не ја интересира што мислат ...
Исидора (10) од Скопје е успешна млада каратистка - Тренира од 5 години, освојува златни медали „Тренирам трипати неделно и до сега не ми се случило да не сакам да одам на трен...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...
На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 ев... „Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целос...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...

Најчитани неделава