Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Првата меѓународна платформа за вмрежување на тренери и тренинзи формирана во Македонија

Trainings4All претставува прва меѓународна платформа која што е формирана во нашата земја и која што ќе ги вмрежува сите тренери и тренинзи на едно место. Минатиот месец за прв пат во Македонија пред голем број на луѓе од бизнис секторот и со учество на тренери од Македонија, Србија и Хрватска се одржа настанот “Ајде да зборуваме за бизнис”. На истиот за прв пат и официјално беше претставена платформата и присутните имаа можност да се запознаат со неа. 

prvata-megjunarodna-platforma-za-vmrezuvanje-na-treneri-i-treninzi-formirana-vo-makedonija-01.jpg

Платформата Trainings4All ги вмрежува сите оние организации, тренинг центри, обучувачи и индивидуалци, кои што допринесуваат за подигнување на свеста за потребата на надградување на личниот и професионалниот потенцијал.  Преку платформата сите оние кои што се дел од истата, добиваат можност на лесен и едноставен начин да ја презентираат својата работа и со тоа да се вмрежат со нивни колеги, во Македонија и пошироко. – изјавија Маја Ацески и Марина Анчевска (основачите на оваа платформа).

Токму затоа и главното мото на оваа пларформа е “Се е возможно ако го правиме заедно“. Покрај вмрежувањето, платформата има за цел да ги класифицира сите понуди, да ја истакне професионалноста на тренинг центрите и тренерите, како и да понуди едноставност во барањето на било каков тренинг, обука или настан.

Постапката за да бидете дел од оваа платформа е едноставна. Се што треба да направите е да ги пополните основните податоци на следниот линк , да станете член на платформата и со тоа вие станувате дел од оваа меѓународна мрежа.
Платформата до декември месец оваа година ви нуди промотивно бесплатно членство. Од наредата година членството можете да го продолжите по достапна цена.

Платформата на своите членови им нуди уникатна можност бесплатно да ја презентираат својата работа и да ја доближат до своите клиенти. Ова е прва платформа од ваков тип во Југоисточна Европа на која може да се најдат широк спектар на тренинзи поврзани со животниот стил, кариерата, бизнисот и личниот развој.
Секако дека платформата е интересна и за бизнис секторот бидејќи од сега барањето на соодветен тренинг за своите вработени ќе биде достапно само со еден клик.

Платформата е меѓународна и со полна пареа се работи да се проишири низ Балканот, Европа, па потоа и низ целиот свет.

За повеќе информации можете да го посетите нивниот веб сајт или нивната Фејсбук фан страна.

prvata-megjunarodna-platforma-za-vmrezuvanje-na-treneri-i-treninzi-formirana-vo-makedonija-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК, си замина од болницата во Солун: „Благодарам на Бога што ми дад... „Моите чувства се измешани, колку што сум среќен толку сум и тажен за загубата н...
16-минутен молк на скопскиот плоштад, тишината никогаш поболна - Собир за почит кон жртвите на пожар... Ѕвездено небо за 59-те прерано згаснати животи, 16-минутен молк за жртвите од по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg