ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР нуди кредити за енергетска ефикасност со можност за грант до 20%

Со поддршка од 1 милион евра од Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР), ПроКредит Банка АД Скопје започна со понуда на кредити за поттикнување на зелени инвестиции и енергетска ефикасност во домаќинствата преку GEFF Програмата.

prokredit-banka-vo-sorabotka-so-ebor-nudi-krediti-za-energetska-efikasnost-so-mozhnost-za-grant-do-20%-01.jpg

Кредитите се наменети за граѓани и здруженија за домување кои планираат инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти како што се: инвестиции во нови топлотни или геотермални пумпи, купување на печки/котели на гас или биомаса, прозорци, инсталација на соларни панели, изолација на ѕидови, покрив или подови, инвестиции во колектори за топла вода и слично. Овие инвестиции ќе придонесат за намалување на трошоците за потрошувачка на енергија и ќе ја зголемат удобноста на живот на домаќинствата.

Финансирањето на ЕБОР е под GEFF - Програмата за поддршка за зелена енергија  кои ја одобруваат зелената технологија која придонесува за подобра животна средина. GEFF во Западен Балкан е дел од интернационалната GEFF програма  за финансирање на зелената економија на Европската Банка за Обнова и Развој која обезбедува финансии за секторот за домување како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и енергетски обновливи производи и услуги за домаќинствата со цел намалување на емисијата на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина и подобрување на квалитетот на живеење.

Со кредитите поддржани преку GEFF програмата, граѓаните остваруваат право за апликација за грант дури до 20% од вкупниот износ на инвестицијата. Сите заинтересирани граѓани кои го реновираат својот дом или градат нова куќа може да одберат некои од 4.000 производи кои се на располагање преку Селекторот на Технологија, онлајн каталогот на сите одобрени технологии од следниов линк.

Прочитајте повеќе за поволните услови за кредитот преку ПроКредит Банка на следниов линк.

Би можело да ве интересира:

Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...

Најчитани неделава