Охридска банка предупредува за фишинг напади и злоупотреба на лични податоци од непознати сторители

Охридска банка ја известува јавноста дека непознати сторители, злоупотребувајќи го идентитетот на Банката преку лажно претставување, денес се обидуваат да извлечат лични податоци на клиенти на Банката и на општата јавност.

ohridska-banka-predupreduva-za-fishing-napadi-i-zloupotreba-na-lichni-podatoci-od-nepoznati-storiteli-01.jpg

Забележани се два вида на напади. Во првиот случај на фишинг напад, непознат праќач од лажна меил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. праќа известување за добиена дознака од странство со прикачен .rar документ, којашто не е  фицијална меил адреса за комуникација на Банката. Во вториот случај, лажна Фејсбук страница именувана „Охридска банка“ повика на учество во наводна наградна игра и контактира Фејсбук корисници да достават слика од лична карта,  рој на трансакциска сметка и слика на бела позадина.

Охридска банка потенцира дека нема никаква поврзаност со наведените меил адреси и лажната Фејсбук страница и дека не организира наградна игра. Банката апелира до сите клиенти, како и општата јавност, со крајно внимание да ги  потребува и доставува за обработка, личните податоци, особено во последниот период кога се зачестени обиди за крадење на лични податоци со лажно претставување во име на засегнати страни. Банката препорачува да се следат  асоките на Дирекцијата за заштита на лични податоци за вакви ситуации и известува дека веќе го пријави овој случај во компанијата Фејсбук, како и во Министерството за внатрешни работи.

Официјалните канали за комуникација на Банката се објавени на веб-страницата www.ohridskabanka.mk, вклучувајќи го телефонскиот број на Контакт центарот 02 15 050 и официјалните профили на Банката на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира:

Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...
Перо Камиказа откри дека Драган. Б. Костиќ бие животна битка: „Звучи подобро, мислата му е бистра“ „Сполај му на Бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и сè подобро з...
Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Антониа и Роберт никогаш позаљубени - се бакнуваат на плажа, пејачката го храни сопругот во неговиот... Иако ретко споделуваат приватни моменти во јавноста, преку видеото Роберт и Анто...
Марјан Атанасов, наш астролог: „Многу често почнав да се соочувам со клиенти кои имаат рак“ „Ќе ми кажат исплашено „Имам рак“ и никогаш не го сфаќам тоа како дијагноза. Го ...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава