Размена на најдобрите практики од областа на офтaлмологијата

Одржан четвртиот регионален симпозиум на офталмолози организиран од „Систина Офталмологија“, дел од групацијата „Свјетлост“- Загреб.

razmena-na-najdobrite-praktiki-od-oblasta-na-oftalmologijata-01.jpg

„Систина Офталмологија“, дел од групацијата „Свјетлост“- Загреб, и оваа година традиционално по IV-ти пат го организира регионалниот симпозиум „Новитети во офталмологијата“. Основната цел е размена на најдобрите практики од офталмологијата  меѓу професионалците во оваа област.

На 02.11.2019 (сабота), во присуство на  300 гости од Македонија, Хрватска, Србија и Косово каде освен офталмолози, присуствуваа и доктори по општа медицина, ендокринолози, и специјализанти од Медицински факултет, се одржа IV -от регионален симпозиум „Новитети во офталмологијата“ во организација на „Систина Офталмологија“ дел од Групација “Свјетлост”.

Опфатени беа различни теми од офталмолошката пракса, пред се овозможувајќи едукација и размена на искуства меѓу медицинските лица од Македонија и регионот. Предавачи на овој единствен од овој вид и размер симпозиум од оваа област, беа проф. д-р Никица Габриќ (Свјетлост), д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска, д-р Илир Османи, д-р Фанка Гилевска (Систина Офталмологија) и aсс. д-р Христијан Дума (ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести-Скопје) и д-р Страхил Газепов (Клиничка болница – Штип).

razmena-na-najdobrite-praktiki-od-oblasta-na-oftalmologijata-02.jpg

Новитет оваа година беа и излагањата на помладите колеги доктори, како дел од програмата за обука и едукација на млади кадри – специјализанти  на „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника„Свјетлост“. 

„Симпозиумот претставува одлична можност за споделување на најновите трендови во работењето кои се применуваат во „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“,  вклучувајќи и успешни резултати од примена на  нови методи за третман на очни болести. Оваа година за првпат споделија искуства и младите доктори специјализанти кои се дел од програмата за развој на млади професионалци на „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“. Искуства беа пренесени и од државното здравство што претставува одличен спој на знаења, а ваквиот начин на работа само ја потврдува одличната соработка меѓу професионалците во офталмологијата, а се во улога на најдобрата можна дијагностика, избор на метода  и соодветен третман на пациентите“ - изјави д-р Златко Арнаудовски медицински директор на Систина Офталмологија.

razmena-na-najdobrite-praktiki-od-oblasta-na-oftalmologijata-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Атрактивни во бикини - Кои познати Македонки ја почнаа летната сезона во мај? „Плажа и уживање. Толку“, напиша водителката Ивана Јанковска, која е една од нек...
Јован е уште еден суперхерој кој заѕвони на ѕвончето на Детска клиника во Скопје – ја освои тешката ... „Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот супер...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Наим од „Преспав“ искрен: „Користев марихуана, пиев алкохол, земав седативи - раат сум откако ги над... „Ме фати параноја, тогаш почна и конфликтот... и ќе дојдеше некој гостин дома, м...

Најчитани неделава