Баскет 3x3 бизнис: Колегите секогаш играат заедно за тимот!

Најдобрата игра за компанијата е заедничката игра на тимот, било тоа да е внатре во канцелариите на компанијата или пак на кошаркарскиот терен.

basket-3x3-biznis-kolegite-sekogash-igraat-zaedno-za-timot-01.jpg

Она што ги раздвижи колегите во македонските компании, но и ги доближи преку заеднички дружења, е дефинитивно Баскет 3x3 бизнис. „Врати се во игра“ повикаа од Спорт План и понудија забава, дружење и награди на компаниите кои што пријавија свои кошаркарски екипи да се натпреваруваат. Секој кој што е дел од овие натпревари, не ги штеди пофалните зборови и одушевувањето од добрата дружба на терените, далеку од работните обврски во канцеларија. Сите се согласни дека најмногу се дружат со други компании, се забавуваат и опуштаат, но не штедат зборови и за одличната организација.

„Организацијата е прекрасна, буквално има се, и дружба и тензија која што е потребна за натпревар. Можеби не играме професионално, но е подеднакво тешко на терен, не е се така лесно како што изгледа“ - вели Огнен Иваноски од „Solutionade“.

Искуство сподели и Филип Ачковски од „Pharma S“:

„Ние сме добра екипа и добри колеги, се дружиме и надвор од работа. Убаво беше тоа друштво да се зачини со малку спорт, да се изгради тимскиот дух којшто и без тоа е висок“.

basket-3x3-biznis-kolegite-sekogash-igraat-zaedno-za-timot-02.jpg

Играчите од големите фирми како „Алкалоид“ велат дека колегите се ротираат за да се разбуди тимскиот дух и игра во вработените. Некои се со искуство, некои не се, но сите очекуваат успех и победа.

Стефан Блажевски од „Inplayer“ вели дека се пријавиле и за подобар тимбилдинг, но и поради љубов кон кошарката.

„Некои од екипите ни пружија доста голем отпор, а некои од екипите успеавме ние да ги победиме“- раскажува Стефан.

basket-3x3-biznis-kolegite-sekogash-igraat-zaedno-za-timot-03.jpg

Секој натпревар завршува со пораз или со победа на компаниските кошаркари, но најважното од се е што натпреварувачите од Баскет 3x3 бизнис носат секој со себе по неколку пријателства надвор од салата.

basket-3x3-biznis-kolegite-sekogash-igraat-zaedno-za-timot-04.jpg

За да се пријавите и вие во оваа тимска синхронизација, посетете ја веб страницатa  www.biznisbasket.mk. Забавата и кошаркарската игра таму ќе ви понуди развој на компанијата. Затоа што колегите секогаш играат заедно за тимот.

basket-3x3-biznis-kolegite-sekogash-igraat-zaedno-za-timot-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото) Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Хола...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава