Јавните претпријатија трошат наши пари и затоа е важно да ги управуваат најдобрите

Замислете дека сте во продавница со намера да си купите зимска јакна. Ви се допаѓа јакна која чини 3.000 денари и решавате да ја купите мислејќи дека имате доволно пари во вашиот паричник.

javnite-pretprijatija-troshat-nashi-pari-i-zatoa-e-vazhno-da-gi-upravuvaat-najdobrite-01.jpg

Ја земате јакната и одите на каса да ја платите, но кога го отворате паричникот гледате дека половина ви недостасуваат. 

Тогаш ви текнува  дека парите ги потрошивте претходната вечер во ресторан со пријателите и сфаќате дека недомаќински ги трошите и распределувате парите што ги имате во вашиот буџет. Останувате без јакна и освен што ви е ладно се чувствувате виновно и сфаќате дека мора нешто да преземете за да можете да подобро и поорганизирано да ги трошите вашите заработени пари.

Исто е и со јавните претпријатија со таа разлика што тие трошат јавни (ваши) пари и последиците од нивното работење влијаат на многу луѓе.

А одговорните за трошењето на парите со кои располагаат јавните претпријатија се директорите и членовите на управните и надзорните одбори.

Управните одбори ја одредуваат насоката на претпријатието, а надзорните одбори треба да ја контролираат законитоста во работењето. Затоа, потребно е овие лица да имаат соодветно искуство кое ќе придонесе во доброто управување со претпријатието, подомаќински да се трошат парите на граѓаните, а со тоа и да се зголеми квалитетот на услугите кои треба да ги пружат.

Но ситуацијата на терен е поинаква. Истражувањето кое Институтот за демократија го спроведе во 2018 година покажа дека постои недостиг на соодветно искуство кај овие две управувачки структури - 43% од членовите на управните одбори немале искуство во соодветната област, а  само 28% од членовите на надзорните одбори се правници или економисти – потребните области на образование за соодветна контрола врз материјалното и финансиско работење.

Овие раководни структури најчесто се пополнети од партиски луѓе, без особени квалификации да учествуваат во управувањето на претпријатијата. А кога управните и надзорните одбори се нестручни тие претставуваат пречка за остварување на работата на претпријатието.

Промената на Законот за јавни претпријатија ќе овозможи изборот на управувачките структури да биде насочен кон потребното претходно искуство и способности на кандидатите во соодветната област, за тие да можат правилно да го управуваат претпријатието.

Затоа, како што вие сте загрижени дека несоодветно сте ги распределиле вашите пари и немате доволно за она што ви е неопходно, така управувачките структури треба да внимаваат како ги трошат јавните пари бидејќи така придонесуваат за задоволството или незадоволството на граѓаните од јавните услуги.

Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Перо Камиказа откри дека Драган. Б. Костиќ бие животна битка: „Звучи подобро, мислата му е бистра“ „Сполај му на Бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и сè подобро з...

Најчитани неделава