Македонски Телеком со зголемена добивка во 2019 и раст во сите сегменти

makedonski-telekom-so-zgolemena-dobivka-vo-2019-i-rast-vo-site-segmenti-01.JPG

  • Пораст на бројот на корисниците во сите сегменти: интернет, телевизија и мобилни услуги  
  • Нето добивката во 2019 година е зголемена за 6,3 отсто
  • Лидер на пазарот во телевизија со раст на корисниците од 6,2 отсто

Македонски Телеком оствари позитивни резултати од работењето во 2019 година. Компанијата ги надмина поставените цели и изминатата година ја заврши со зголемени приходи и раст на нето добивката, во споредба со претходната година. Во 2019 година продолжува трендот на раст на бројот на корисници во мобилната телефонија, интернетот и телевизија. Со постигнувањето позитивни резултати за изминатата година, Македонски Телеком поставува цврста основа за понатамошен развој, инвестиции, модернизација на инфраструктурата и воведување современи технолошки решенија и услуги на пазарот.

Континуиран раст на финансиските параметри

Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2019 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 3,6 отсто и изнесуваат 10,8 милијарди денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,7 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката бележи раст од 6,3 отсто.

Пораст на корисничката база

Македонски Телеком на крајот од 2019 година бележи зголемување на бројот на корисниците во сите сегменти од своето работење. Со раст од 1,2 отсто на корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1,2 милиони претплатници. Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4,1 отсто при што вкупниот број изнесува 204 илјади. Македонски Телеком од крајот на вториот квартал во 2019 се позиционира како лидер во ТВ сегментот на пазарот. Со растот на  бројот на корисници за 6,2 отсто (вклучувајќи Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), на крајот од 2019 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од 136 илјади претплатници. MaxTV останува избор број еден за корисниците, пред сè како резултат на ексклузивните содржини, квалитетот, неограничените можности за интеракција и уникатното ТВ искуство.

Продолжува фокусот на инвестиции во мрежата

Македонски Телеком континуирано и со несмалено темпо продолжи да вложува во инфраструктурата и подобрување на сопствените капацитети. Па така, како резултат на инвестициите бројот на домаќинства покриени со оптика е зголемен за 13,6 отсто споредено со претходната година. На крајот од 2019 година, една третина од домаќинствата во земјава имаат можност да се поврзат на оптичката мрежа од Телеком и да ги користат бенефитите од оваа технологија. Во 2019 година компанијата ја постави и првата тестна 5G мрежа во Скопје, при што продолжуваат тестирањата во реални услови и сите неопходни чекори за воведување на 5G технологијата.

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...
Вирална објава на Македонка: „Скопје мириса на смрт. Тука децата не растат со румени образи, туку со... „Тука, во Скопје, децата не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и...

Најчитани неделава