Виталиа се приклучува на Nestlé и Danone во борбата со климатските промени

Свесноста за екологијата, климатските промени и градењето на зелена иднина станува една од главните теми на разговор во модерното општество.

vitalia-se-prikluchuva-na-nestle-i-danone-vo-borbata-so-klimatskite-promeni-01.JPG

Со цел да се изгради подобра иднина, се повеќе компании како Nestlé и Danone се вклучуваат во едукацијата за еколошка свест, завземајќи иницијативи во склоп на 17те цели за одржливост дефинирани од Обединетите Нации. Како позитивен пример кај нас е Виталиа, која активно делува кон создавање на позитивна промена во светот во кој живееме.

Виталиа се фокусира на три столбови за создавање на здрава и одржлива заедничка иднина – здрава исхрана, здрава животна средина и општество базирано на знаење. Водејќи се според овие принципи, компанијата постојано инвестира во подобрување и усовршување на еколошко производство, како и зголемување на еколошката свесност на потрошувачите преку континуирана едукација.

Во 2020, Виталиа се вклучува во иницијативата на Обединетите Нации, да ги намали емисиите на стакленички гасови низ целиот свој систем на снабдување, ефективно намалувајќи го придонесот кон глобалното затоплување. Компанијата започна со транзиција кон биоразградлива амбалажа, замена на пластичните ќеси со хартиени, како и воведување на електрични возила во сопствениот возен парк. Исто така компанијата започна со инсталирање на фотоволтаици за соларна енергија-извор на енергија за производствените погони, селекција на отпад и исклучување на пластика за една употреба за потребите на фабриката и вработените.

Научните истражувања велат дека најголемиот индиректен фактор за глобалното затоплување е прехранбената индустрија. Поради тоа, грижата за животната средина на Виталиа не е само на локално ниво; напротив, Виталиа се стреми преку сопствените промени да придонесе во борбата со климатските промени на глобално ниво.

Со ваков чекор целта на Виталиа е да ги инспирира и останатите компании да се вклучат во иницијативата и да придонесат на сличен начин, со иновативни идеи да дојдат до креативни решенија за климатските промени.

Би можело да ве интересира:

Матичен доктор од Скопје дава совети за здравјето при наглите температурни промени: „Можни се главоб... „Главоболка, омалаксаност, зашеметеност, вртоглавица, тахикардија (забрзано чука...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Ребека и сопругот се повредија, по една рака им е во лонгета: „Што ти се вика љубов“ „Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жив...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...

Најчитани неделава