Ангеле Димовски – добитник на Златна Бубамара за животно дело

Кавалџијата Ангеле Димовски, еден од најпознатите во традицијата на македонската музика, е овогодишен добитник на Златна бубамара за животно дело.

zlatna-bubamara-01.jpg

Роден е 1948 во музичко семејство, во кое се негувало свирењето на кавал, гајда, зурла и тапан.

Повеќе од пет децении Димовски е вклучен во широк опсег музички активности. 40 години поминал во РТС како член на Оркестарот на народни инструменти, во еден период и како негов раководител. Има снимено повеќе од 10 илјади минути различен музички материјал. Настапувал во повеќе европски земји, но и во Австралија, Канада и Јапонија.

Познат по своите изведби на народна музика, Димовски со својот кавал имаше голем придонес и кон статусот на албумот „Свјат Dreams“ на групата МИЗАР како  едно од класичните дела во историјата на современата македонска музика.

Музичката традиција во семејството Димовски продолжува и денес преку семејниот оркестар „Шарен кавал“, во кој учествуваат сопругата, ќерката и двата сина, кои настапуваат и во групата „Синтензис“.

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Се омажи Анета Љумаковска со саканиот Рубин - Втор брак за пејачката Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше зае...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...
Јулија ја наслика прерано починатата ќерка со ангелски лик: „Ми кажа ‘жива сум’, ја видов во божеств... „Ова дело со бескрајна љубов изработено за мојот жив ангел небесен, како што ја ...

Најчитани неделава