Маестрален пресврт во Бизнис 3х3 Баскет: НЛБ Банка ја симна од врвот Атлантик Група

Играчите на НЛБ Банка дојдоа облечени од глава до пети во исти дресови и обединети ја победија екипата на Атлантик Група на натпреварот од 19-тото коло на Бизнис 3х3 Баскет.

maestralen-presvrt-vo-biznis-3x3-basket-nlb-banka-ja-simna-od-vrvot-atlantik-grupa-01.JPG

За првпат од почнувањето на Бизнис 3х3 Баскет, во организација на Спорт План, екипата на Атлантик Група доживеа пораз од 2:0. Во првото полувреме екипата на НЛБ водеше со 16:12, а второто полувреме го заврши со резултат од 10:8.

НЛБ Банка покажа висок процент на реализација и добра тактичка подготвеност и го нанесе  првиот пораз на екипата која што досега беше носител на листата - Атлантик Група. Мотивацијата им беше голема, се претставија како екипа за пример и ја победија спротивната екипа.

maestralen-presvrt-vo-biznis-3x3-basket-nlb-banka-ja-simna-od-vrvot-atlantik-grupa-02.JPG

Ова покажува дека во екипите на кошаркарскиот терен во СЦ „Јане Сандански“ се случува пресврт. Подобрувањето на екипите е очигледно, со оглед на тоа што екипата на Атлантик Група водеше на првото место 19 кола по ред.

Играчите од сите екипи се во сѐ подобра физичка кондиција и постигнуваат сѐ поголеми резултати, што ја прави играта многу неизвесна во секоја наредна недела и секое наредно коло.

Пријавувањето трае и за останатите компании кои што ќе сакаат да пријават своја екипа во возбудливата „Бизнис 3x3 Баскет“ забава. Пријавувањето на нови екипи за учество во новата сезона на веб страницата на Спортплан на следниот линк https://sportplan.mk/prijavi-se/.

За сите вклучени ова е одлична можност во студените месеци да играат во сигурна и топла средина во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. 

Повеќе информации за Спортплан и Бизнис 3x3 Баскет може да се најдат на: http://biznisbasket.mk/  и https://www.facebook.com/sportplan.mk/.

Маестралната игра на НЛБ Банка и Атлантик група можете да ја проследите на следниот линк:

/?__xts__[0]=68.ARDCyckbU29MN_LdsAwC0hGZnyOPvlmct6j6DxaaLhUQlqdZNQxZB76TVFuvdm9V-b_o7b8vTcfOtBw51s9mWcXEhvJA1QA0lZ-WELpCf7tKwqSglg5tasHxv9eFf9X7pD-fp6w9DGx2k6vRHyCvKrH6MkFqg-mBEST2iVP39_AKEOpM0Ges8rI39x2WodVI5nE73FhEdr-bjlEhmUWTns29doC8bRUey9uOu6YXkZ3PCvmbvVC1AnpdG1g0lqxQUrZTHDUkHwKBhyql0lKPfu1_lYD5vP14x1pPs9KjLDGSLoCVOc8D4958UEXewclKzQ4jEbTsIAvvzAb9CYKU4OaP4f4EAn0jLxg&__tn__=-R

Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...
Се омажи Анета Љумаковска со саканиот Рубин - Втор брак за пејачката Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше зае...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Соња Николовска: „Св. Никола е празник на нашиот дом, јас и мајка ми виткаме 600 мали сармички“ „Мајка ми прави баклава, онаа што мириса на празник уште додека се пече, татко м...

Најчитани неделава