Нови потрошувачки и станбени кредити за физички лица по повод 35 години НЛБ Банка

НЛБ Банка оваа година прославува 35 годишен јубилеј од своето постоење и успешно работење на домашниот пазар. По тој повод, за своите клиенти, Банката воведе промотивни кредитни продукти за физички лица со пониски каматни стапки: НЛБ Потрошувачки кредит со 35 месеци фиксна каматна стапка и НЛБ Станбен кредит со 35 години рок на отплата.

novi-potroshuvachki-i-stanbeni-krediti-za-fizichki-lica-po-poo=vod-35-godini-nlb-banka-01.jpg

Воедно во периодот од  01.03.2020 до 31.05.2020 година, НЛБ Банка води промотивна кампања за кредити, во рамките на која клиентите можат да аплицираат за новите кредитни продукти и да ги искористат промотивните поволности, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Новите поволности и пониските каматни стапки се во насока на задоволување на потребите и барањата на клиентите. Со зголемување на периодот на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со зголемување на периодот на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

novi-potroshuvachki-i-stanbeni-krediti-za-fizichki-lica-po-poo=vod-35-godini-nlb-banka-02.JPG

Повеќе информации за новите кредитни продукти клиентите можат да добијат на веб страницата: nlb.mk, во најблиската експозитура на Банката или на телефон 02/15 600.

НЛБ Банка АД Скопје

Би можело да ве интересира:

Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
„2 најлуди и најубави годинки“ – Синот на Антониа и Џокер полни две години, свири на клавир додека м... „Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав некол... „Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето...

Најчитани неделава