Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Марија Јаневска: „Додека вие чопоративно се собирате дома во групи, ние работиме по 15 часа на ден“

Марија Јаневска, за многумина позната по Белешките на Лајла Грејс, е воедно и дел од медицинската фела, која работи во Лабораторија за генетика и персонализирана медицина, упатува апел до сите кои не ги почитуваат мерките и не го сфаќаат значењето на карантин. 

marija-janevska-dodeka-vie-choporativno-se-sobirate-doma-vo-grupi-nie-rabotime-po-15-chasa-na-den-1.jpg

Многумина се разочарани од однесувањето на младите и неодговрните граѓани во земјава кои не ги почитуваат препораките од Министерството за здравство и наместо да останат дома и да избегнуваат контакт со други луѓе, тие се собираат во домашни услови во големи групи, како ништо да не се случува. 

И повторуваме, без паника и страв, но со голема одговорност кон личното и јавното здравје - останете дома, останете безбедни, за побрзо да заврши сето ова.

Погледнете го статусот кој Марија го сподели на нејзиниот Фејсбук профил:

Знам дека знаете што работам. Не знам колку знаете дека од почеток на месецов работам по 12-15 часа на ден и работното време на сите (не само на мене) од медицинската фела е дуплирано. И покрај тоа што школи не работат, кафичи не работат, претстави нема и се друго е откажано, болниците не само што работат туку и не затвараат. Персоналот се преморува и е под огромен психички и физички стрес, но и покрај тоа сум премногу разочарана од многу мои блиски и познаници.

Да повторам, јас сум РАЗОЧАРАНА од однесувањето на многу мои блиски и познаници. Затоа сакам да им се обратам на сите нив.

Деновиве се повеќе сфаќам колку појма си немате што значи зборот КАРАНТИН. Ако не одите на работа и школо, не значи дека треба ЧОПОРАТИВНО ДА СЕ СОБИРАТЕ кај некого дома во групи од по 10-15 души, да пиете, да се забављате како ова да е школски распуст, а не пандемија.

Карантин значи НЕМАЊЕ КОНТАКТ СО ДРУГ ЧОВЕК.

Пред да продолжите да бидете себични, запомнете неколку работи:

1) Вирусот е опасен бидејќи ги зафаќа белодробните крила и ти наложува да имаш потреба од респиратор неколку недели за да преживееш. НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ НА АПАРАТ ЗА ДИШЕЊЕ. Дали сте знаеле дека една држава има ограничен број на респиратори? Што кога нема да има повеќе респиратори? Следниот кој има потреба од респиратор, ќе умре.

2) Доколку порасне бројот на заболени (вистината е дека сме само на неколку недели од тоа сценарио, не се надевајте дека ќе поминеме лесно), и доколку се разболе Вашата мајка и млада девојка од 19 години, помош ќе и биде дадена на младата девојка, а не на Вашата мајка. ВАШАТА МАЈКА ЌЕ БИДЕ ОСТАВЕНА НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ НА ВИРУСОТ бидејќи државата нема повеќе ресурси (респиратори, болнички кревети и персонал). Доколку се разболете Вие, во фазата на инкубација можно е вирусот да сте го пренеле на Ваш пријател болен од рак или на вашиот дедо или вашата баба. Вирусот е скоро секогаш фатален за овие групи пациенти (постари пациенти, пациенти со дијабетес, висок крвен притисок, трудници и пациенти со карцицноми). Како ќе живеете со фактот дека ВИЕ сте причината што починал Ваш пријател или Ваш роднина?

Но, што Ви е вас гајле. Вас Ви е досадно дома.

Фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...
Сведоштво од скопска болница: „Млада медицинска сестра седеше да теши мајка на пациент - девојче ти ... „Пред Градска болница седи мајка, исплакала и солзи, не може вода да пие, да збо...
Мајка од Скопје со хит статус: „Некогаш сабота вечер излегував, денес - ја чекам машината да заврши ... „Некогаш сабота вечер значеше шминка, „што да облечам“ драма...  Сега, сабо...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg