Huawei ја продолжува гаранцијата за сите свои уреди до 3 месеци

Huawei ги продолжува гаранциите за сите уреди чиишто тековни гаранции истекуваат од 15 март 2020 до 15 јуни 2020 година. За нив новиот период на гаранција ќе биде одложен до 15 јуни 2020 година.

huawei-ja-prodolzhuva-garancijata-za-site-svoi-uredi-do-3-meseci-01.jpg

Новите услови стапуваат во сила автоматски и ќе важат за сите уреди што се продаваат на домашен терен, вклучително и паметните телефони, таблети, додатоци, аудио уреди и рутери.

Продолжувањето на гаранцијата за овие уреди е реакција на компанијата предизвикана од државните мерки за ограничување на ширењето на вирусот КОВИД-19. Huawei го цени здравјето и одличното искуство на своите корисници со нивните дигитални уреди.

За таа цел, компанијата отвори и бесплатна услуга „Од врата до врата“ за сите модели на уреди со гаранција и за сите клиенти низ целата земја за времетраењето на вонредните рестриктивни мерки. Во случај на проблем, можете да се јавите на бесплатната телефонска линија на Huawei на 0800 55 550 или новоотворените линии за оваа намена: 02/3111-110 и 078/480-242, по цена на еден градски повик или по стапка на операторот и да побарате бесплатна услуга која подразбира подигање на уредот од наведената адреса и враќање по поправката, дезинфициран и спремен за употреба.

Би можело да ве интересира:

Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...

Најчитани неделава