Продолжена можноста за одложено плаќање од 30 дена за полисите на Еуролинк осигурување

Еуролинк осигурување ќе продолжи да овозможува одложено плаќање од 30 дена на физичките лица за сите нови или обновени полиси од сите класи на осигурување, за да им излезе во пресрет на клиентите во услови на вонредна состојба поради пандемијата од Ковид-19.

prodolzhena-mozhnosta-za-odlozheno-plakjanje-od-30-dena-za-polisite-na-eurolink-osiguruvanje-01_630x340.png

Компанијата уште во март одлучи времено да ги олесни условите под кои клиентите го обезбедуваат своето задолжително и незадолжително осигурување. Со оглед на тоа дека вонредната состојба продолжува, Еуролинк осигурување донесе одлука да продолжи со можноста за 30 дена одложено плаќање за сите физички лица. Мерката важи за плаќање на рати или во готово и за сите класи на осигурување. 

„Сите се соочуваме со потреба од простор и време за да си ги увидиме потребите и да ги распределиме ресурсите. Заради тоа сметаме дека одложеното плаќање од 30 дена за сите класи на осигурување ќе биде од помош за клиентите. Во оваа прилика потсетуваме и дека нашата продажна мрежа е комплетно оспособена за електронско договарање и доставување на сите полиси. Клиентите имаат можност по телефон или е-маил да ги договорат полисите со својот консултант за осигурување кој потоа ги доставува полисите по е-маил, и со тоа да ги завршат овие обврски од својот дом“ – вели Борче Попризов, директор на Секторот за продажба во Еуролинк осигурување.

Oд Еуролинк посочуваат и дека електронско пријавување на штети и онлајн плаќање на рати и фактури е овозможено преку веб страницата или преку мобилната апликација на Еуролинк осигурување. За поддршка при електронското плаќање на располагање е Контакт центарот на 02/15888 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. каде може да се добие услуга 24/7.

Би можело да ве интересира:

Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Каде е и што прави денес Трајче Ѓоргиев од „Пинкови ѕвездички“: „И 10 години по шоуто, ме препознава... Едни од најубавите спомени поврзани со шоуто ми се оние кога по моите настапи, ж...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...

Најчитани неделава