Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дневно се печатат по 1000 заштитни маски на 3D принтери

Во изминативе неколку дена екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема успеа капацитетот за производство да го зголеми на 1000 заштитни маски на ден, со што е се поблиску до целта да се изработат и дистрибуираат најмалку 6.000 заштитни маски со визири до крајот на неделата.

dnevno-se-pechatat-po-1000-zashtitni-maski-na-3d-printeri-01.jpg

Во понеделникот беа доставени околу 925 заштитни маски со визири и тоа во: ЈЗУ Берово, ЈЗУ Виница, ЈЗУ Пехчево, ЗД Ростуше, ЈЗУ Гостивар, ЗД Гостивар, ЗД Радовиш, ЗД Делчево, ГОБ 8. септември, Прилеп, Јасеново, Ургентен центар Клиника, Ургентен Градска, Ендокринологија, Неврохирургија, Струга, Кичево, Карил, Психијатрија, Рес Хумана, Бета Медико, Пулмолгија, Велес, Трансфузиологија, ЗД Скопје, Центар за јавно здравје, Патофиза, Интензивна Св. Наум Охридски, Тоарилуц, Дрисла, Пластична хирургија, Торакална хирургија, Педијатрија, Козле, КБ Штип и ГОБ 8 септемвеи – Очно.

dnevno-se-pechatat-po-1000-zashtitni-maski-na-3d-printeri-02.jpg

Во средата беа доставени 675 маски до следниве институции: ЈЗУ Завод Лешок, ЈЗУ Чаир Родилиште, ЗД Скопје, ЈЗУ Торакална Хирургија, ЈЗУ Детска хирургија, ЈЗУ Урологија, ЈЗУ Ургентен центар, ЈЗУ КАРИЛ, ЈЗУ Неврологија, ЈЗУ ОРЛ, ЈЗУ Офталмологија, ЈЗУ Нефрологија, ЈЗУ ГЕХ, ЈЗУ Ендокринологија, ЈЗУ Ревматологија, ЈЗУ Токсикологија, ЈЗУ Педијатрија, ЈЗУ Радиологија, ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Судска Медицина, ЈЗУ Институт за Патологија, ЈЗУ Институт Микробиологија, ОБ Дебар, ЈЗУ Институт Патофиза, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември, Ветеринарен Институт, ЈЗУ ГАК, и ЈЗУ Стоматолошки Клиники. Дополнително се предадени 10 заштитни маски со визири на Пазарна инспекција.

Бројот на дистрибуирани заштитни маски со визири до денес брои повеќе од 3000 парчиња.

dnevno-se-pechatat-po-1000-zashtitni-maski-na-3d-printeri-03.jpg

Покрај готови маски, испратен е материјал за работа до сите помали производствени групи по градовите низ државата, додека од денес, 3. април (петок) од 16-19 часот во ПЗУ Ординација по општа медицина „Медика Вера„ ќе се поделат заштитни маски и за ПЗУ матичните лекари, според нивните барања (секој ден освен недела, повеќе инфо ќе има на Фејзбук групата на иницијативата).

dnevno-se-pechatat-po-1000-zashtitni-maski-na-3d-printeri-04.jpg

Планот за бесплатно снабдување со заштитни маски со визири за сите Јавни и приватни здравствени установи на национално ниво е во тек и се очекува да биде реализиран согласно производствениот капацитет и ресурсите до крајот на следната недела.

dnevno-se-pechatat-po-1000-zashtitni-maski-na-3d-printeri-05.jpg

Членовите на иницијативата потсетуваат дека овие заштитни маски со визири се соодветно дезинфицирани, и дека се произведени од соодветни репро материјали кои можат со сигурност да ја извршат заштитната функција.

dnevno-se-pechatat-po-1000-zashtitni-maski-na-3d-printeri-06.jpg

Врзано за информацијата дека се појавуваат заштитни маски со визири во малопродажба, од иницијативата апелираат да се почека да се обезбедат медицинските лица со заштитни маски бесплатно, бидејќи овие маски се произведуваат од донации, што беше и приоритет на оваа иницијатива. Штом оваа цел се реализира, иницијативата ќе се затвори и ќе се повлече и компаниите можат слободно да ги пласираат своите производи до широката јавност.

dnevno-se-pechatat-po-1000-zashtitni-maski-na-3d-printeri-07.jpg

Иницијативата на facebook групата:

https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Панчо од ДНК хоспитализиран во Скопје по синоќешниот пожар – објавени неофицијални листи со применит... Во изјава за Сакам да кажам, сестрата на Панчо од ДНК потврди дека музичарот се ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg