A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Скопје, 03 април 2020г. – Согласно Уредбата донесена од Владата, како мерка за превенција од COVID -19 објавена во Службен весник бр.80/2020, се овозможува издавање на месечни сметки во електронска форма, сé со цел да се намали користењето на сметки во хартиена форма.

a1-makedonija-kje-gi-dostavuva-mesechnite-smetki-elektronski-01.png

На овој начин се зголемува заштитата на јавното здравје и се поттикнува користењето на дигиталните алатки од страна на корисниците, како што се користење на електронска сметка и електронско плаќање од дома без непосреден контакт.

А1 Македонија ги известува корисниците дека месечните сметки отсега ќе бидат доставувани по електронски пат.

Сите приватни корисници на А1, кои досега ја немаат активирано услугата Е-сметка, ќе добијат известување преку СМС порака која ќе содржи активен линк, од каде корисниците ќе можат бесплатно да ја преземат својата месечна сметка.

На деловните корисници сметките ќе им бидат испратени електронски на нивната е-мејл адреса, односно преку услугата Е-сметка.

Со електронското доставување на месечните сметки, корисниците веднаш и навремено ќе имаат пристап до своите сметки во PDF формат, што придонесува кон зачувување на јавното здравје и превенција од COVID-19, како и зачувување на животната средина.

Електронското плаќање на сметките е достапно преку официјалната страница www.a1.mk и преку апликацијата Мојот А1, каде корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки и услуги од А1, со платежна картичка и во секое време.

Корисниците кои веќе ја имаат активирано услугата Е–сметка ќе продолжат да ги добиваат месечните сметки на истиот начин и во истиот формат како и досега.

Со приемот на електронските сметки, корисниците ги задржуваат истите права и обрски како и претходно.

Доколку корисниците сепак сакаат да продолжат да ги добиваат месечните сметки во хартиена форма, потребно е да се јават на бесплатниот број 1278, во рок од 10 дена по добивањето на СМС пораката за електронската сметка.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Драстична трансформација на брачен пар од Струмица: Таа ослабела 88kg, a тој 75kg со операција на же... Рахилка Лазаров (29) од Струмица ослабе 88kg - имала 165kg, сопругот ослабе 75kg...
Сопругот на Антониа Гиговска прави склекови со пејачката на грб - Џокер ја одржува фит формата На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси од...
Иван Јованов: „Оперирав грло во февруари и паднав психички - полека се враќам во посакуваната вокалн... „Не е лесно, целосно ми е изгубена вокалната кондиција, зашто јас си вежбав цел ...
Денес се празнува Св. Никола Чудотворец – кои обичаи треба да ги следат тие што имаат куќна слава? Денес се слави најчестата слава во македонските домови, Св. Никола - храната тре...
Светлана Црнокрак е бикини божица на 49 години - позира со модни парчиња кои се хит летово Светлана изгледа како да го пронашла еликсирот за вечна младост, а успешно ја од...

Најчитани неделава