Опера и балет во вашите домови!

Почитувани пријатели и соработници, љубители на оперската и балетска уметност, почнувајќи од вторник, 7 април со почеток во 20.00 часот, на официјалниот YouTube канал на Националната опера и балет ќе имате можност да ги погледнете вашите омилени оперски и балетски претстави.

opera-i-balet-vo-vashite-domovi-01.jpg

Секој вторник ќе биде резервиран за балетската уметност додека секој петок ќе биде термин за љубителите на оперската уметност. За оваа цел ќе ја користиме алатката на јутјуб премиера која ќе и овозможи на нашата публика од целиот свет да се вклучи во магијата на оперската и балетската музичка уметност. За оние кои што не се во можност да ја гледаат дигиталната премиера на нашите претстави во реално време, секоја емитувана претстава ќе биде достапна 24 часа по првичното емитување.

Нашата земја, како и остатокот од светот, доживува многу тешко време, и иако не можеме да настапиме пред публика во живо, ние сме возбудени да ги споделиме нашите претстави дигитално и културно да ја поддржиме нашата публика за време на оваа криза.

Во месец април започнуваме со балетската претстава „Лебедово езеро” од П. И. Чајковски, потоа операта „Боеми“ од Џакомо Пучини на 10 април, светската дигитална премиера на балетската претстава „Клеопатра“ е закажана за 14 април, додека операта „Евгениј Онегин“ од П. И. Чајковски е на 17 април. Балетот „Дон Кихот“ е на 20 април, а на 24 април нашата публика ќе има можност да го гледа традиционалниот концерт по повод празникот Василица насловен „Disco fever”.

За распоредот на закажаните дигитални премиери следете ја нашата веб страна www.operabalet.mk, и претплатете се на нашиот официјален јутјуб канал www.youtube.com/user/makoib.

Би можело да ве интересира:

Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава