Mozzart со донација од 5.000 евра за Општата болница во Кочани

Дел од финансискиот пакет од 50.000 евра за борба против коронавирусот компанијата Mozzart го насочи кон Општата болница во Кочани.

mozzart-so-donacija-od-5000-evra-za-opshtata-bolnica-vo-kochani-01.jpg

Досега, од Mozzart помош добија здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар, Клиничката болница во Битола, Клиничката болница во Штип и Општата болница во Кочани. Во следниот период ќе се реализира уште една донација.

Сите донации се наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти.

„Голема благодарност до компанијата Mozzart за оваа финансиска донација од 5,000 евра кои ги донираше на ЈЗУ Општата болница со проширена дејност Кочани во борбата против Covid-19. Ваквите хумани гестови се од огромно значење во овие моменти, и навистина ми е драго што постојат компании како Mozzart кои се вистински пример како треба да се однесува една општествено-одговорна компанија.“ – изјави д-р Александар Серафимов, директорот на болницата во Кочани.

Лидерот во областа на приредување на игри на среќа, трпи огромни загуби со привременото затворање на сите уплатно-исплатни места, согласно мерките на превенција и заштита од ширење на вирусот. Без разлика на тоа, општествено-одговорните активности на компанијата Mozzart продолжија како и во редовна состојба, разбирајќи дека сега е моментот сите да покажат највисок степен на солидарност и хуманост.

„Продолжуваме и понатаму со хуманитарните акции кои се важен дел од нашето работење. Наша обврска е во овој несигурен и тежок период да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме, да бидеме уште повеќе активни и дополнително да покажеме колку е важна хуманоста во овие моменти.“ - изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Компанијата е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно.

mozzart-so-donacija-od-5000-evra-za-opshtata-bolnica-vo-kochani-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...

Најчитани неделава