Министерот Венко Филипче од денес е во домашна изолација по контактот со кумановскиот градоначалник

По веста дека градоначалникот на Куманово е позитивен на КОВИД-19, а со кој, министерот за здравство беше во контакт, Филипче објави дека ќе биде во домашна изолација.

ministerot-venko-filipche-od-denes-e-vo-domashna-izolacija-po-kontakt-so-kumanovskiot-gradonachalnik-01.jpg

Министерот Венко Филипче се огласи по повод контактот кој го оствари со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, кој е позитивен на корона вирусот.

Тој соопшти дека од денес ќе биде во домашна изолација, а во исчекување е на епидемиолошки анкети кои ќе бидат направени со него, како и со други функционери од Владата.

Погледнете го целосното соопштение:

Почитувани граѓани,

По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствував и јас, е позитивен на Ковид-19, од денеска ќе бидам во домашна изолација. На состанокот ги почитував сите протоколи за заштита и носев заштитна опрема исто како и останатите присутни.

Ги очекувам епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен со мене, ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација.

Ние го имавме предвид и се подготвуваме и за ова сценарио. Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата.

Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите ќе ги правиме преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето.

https://www.facebook.com/filipce.venko/?epa=SEARCH_BOX

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Денес е Ѓурѓовден – кои се обичаите поврзани со овој голем христијански ден? Се оди на црковна литургија, наутро се берат билки и цвеќиња и се прават венчиња...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Мартина Михајловска (27) е згодна мајка - ужива на плажа со синот Матиас (3) и ќерката Алана (6) Поранешната водителка, која ја споредуваат со Ева Мендез, многу ретко објав...

Најчитани неделава